Јан 20, 2009

Македонска делегација во посета на Индија

Македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска до 24. јануари ќе престојува во официјална посета на Индија.Според најавите, Милошоски за време на посетата ќе се сретне со неговиот индиски колега, Пранаб Мукхерџи, како и со високи парламентарни и опозициски претставници.За време на посетата ќе бидат разменети мислења за можностите за унапредување на севкупните односи меѓу Македонија и Индија.Министерот Милошоски за време на престојот ќе ги посети Колката и спомен куќата на Мајка Тереза во која пригода ќе постави спомен-плоча во знак на благо…

Јан 20, 2009

Учениците се варија во клупите

Околу 300 илјади основци и средношколци денеска го започнуваат второто полугодие од учебната 2008/2009 година.Оваа учебна година ја карактеризираат низа новини, една од нив е задолжително средно образование, а беа воведени и двата изборни предмети – вероучение и историја на религии.Стартот на учебната година беше одбележан и со компјутеризација на поголемиот дел, како на основни, така и на средни училишта ширум државата.Новина ќе бидат и проверките на знаењата и на оценките на сите ученици, освен матурантите, на крајот од учебната година. Резултатите од тестирањата ќе влијаат врз крајната о…

Јан 19, 2009

Македонија и Грција на суд во Хаг

Претставници на Грција и Македонија денес треба да се сретнат во Меѓународниот суд за правда, во Хаг, во најновата рунда од долгогодишниот спор меѓу двете земји околу македонското име.Македонија ја тужи Грција за блокирање на зачленувањето во НАТО , што е во спротивност со билатералната спогодба што Скопје и Атина ја потпишаа во 1995.Прашањето за историското наследство на името Македонија кое покрива географска територија на двете страни од границата, стана исклучително чувствителна тема во двете земји, која ги влоши политичките односи меѓу Атина и Скопје.   {loadposition content9}

Мар 27, 2018

ЈО денес поднесува обвинение за насилствата во Собранието на 27 април

Државното јавно обвинителство денеска ќе поднесе обвинение до надлежен суд за упадот , нередите и бруталниот напад врз тогаш опозициските пратеници во Собрание на РМ , што се случи на 27 април, минатата, 2017 година.Обвинителниот акт опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот прв човек на МВР, Митко Чавков, пратениците на ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други директни извршители од кои некои се наоѓаат се уште во истражниот затвор Скопје.Вчера беа пуштени од затвор во домашен притвор …

Јан 19, 2009

Хрватскиот министер за култура во посета на Македонија

Министерот за култура на Република Хрватска Божо Бишкупиќ денеска престојува во официјална посета на Република Македонија.За време на посетата, Бишкупиќ ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска со која ќе ја потпишат Програмата за соработка во областа на културата за периодот 2009-2011 година.  Попладне Бишкупиќ ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски. {loadposition content9}

Јан 17, 2009

Во Охрид ќе биде отворен вториот Меѓународен саем за туризам

Во организација на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а под покровителство на Владата на Република Македонија, денеска во Охрид ќе биде отворен вториот Меѓународен саем за туризам.На отворањето, како што е најавено, ќе присуствуваат евроамбасадорот Ерван Фуере, амбасадорот на САД Филип Рикер, бројни претседатели на светски и европски организации за туризам, како и странски тур оператори. Целта на саемот е промоција на македонскиот туризам во странство. Дел од предвидените активности се Форумот за туризам во чии рамки ќе се одржат три трибини – ИПАРД-фондовите за развој на рурал…

Јан 17, 2009

Македонија првпат ќе извезува млеко во цистерна

Македонија ќе и продава млеко во цистерни на Бугарија, од 30 до 50 тони дневно. Извозот ќе почне кога македонските производители и бугарските компании ќе ги договорат количините и цените, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски кој на саемот „Зелена недела“ во Берлин разговараше со висока бугарска делегација од ресорното министерство. „Во Бугарија има недостиг на млеко, а Македонија има доволно. Контактот веќе го направивме. Сега на фармерите останува сами да се договорат за што е можно побрзо да почне извозот“, рече Спасеноски. На Балканот цената на мле…

Јан 16, 2009

Вицепремиерот Боцевски на регионален состанок за ИПА фондовите

Македонска делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел ќе присуствува на Регионалниот состанок за повеќе-корисничкиот индикативен програмски документ за 2009 година во рамки компонента 1 на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, во однос на програмирањето акцентот се става на сопственоста на процесот, при што македонските институции и Европската комисија соработуваат во креирањето на Програмата за регионална соработка во рамки на компонента 1 од ИПА, која се однесува на институционалната…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top