Македонска делегација во посета на Индија

Македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска до 24. јануари ќе престојува во официјална посета на Индија.

Antonio Milososki
Антонио Милошоски

Македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски од денеска до 24. јануари ќе престојува во официјална посета на Индија.

Според најавите, Милошоски за време на посетата ќе се сретне со неговиот индиски колега, Пранаб Мукхерџи, како и со високи парламентарни и опозициски претставници.

За време на посетата ќе бидат разменети мислења за можностите за унапредување на севкупните односи меѓу Македонија и Индија.

Nju DelhiМинистерот Милошоски за време на престојот ќе ги посети Колката и спомен куќата на Мајка Тереза во која пригода ќе постави спомен-плоча во знак на благодарност кон делото на Мајка Тереза, во името на македонските граѓани.

Исто така, предвидено е во присуство на министерот Милошоски и свечено отворање на Амбасадата на Република Македонија во Њу Делхи.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top