Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, денеска ја продолжуваат дводневната работна посета на Брисел. Во рамките на посетата во седиштето на НАТО во Брисел, министрите денеска ќе имаат средби со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер и повеќе амбасадори на земјите членки при НАТО, официјално е соопштено.Приоритетните теми кои ќе доминираат на средбите се актуелните случувања и ставови, поврзани со членството на Македонија во НАТО, учеството на државата во меѓународните мировни мисии и проекциите на реформите во одбраната.Работната…
Владините кампањи во 2007 година од 7,7 милиони евра, износ, што беше тајна за јавноста речиси две години е најматен настан за јануари во анкетата „Бистро – Матно“ со десет гласа.Најбистро со 15 гласа е откривањето и казнувањето на државните службеници, кои злоупотребувајќи ја положбата не плаќале патарина.Ова е оценката на 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.Државниот завод за ревизија во јануари ги соопшти првите официјални…
Во рамките на посетата на Канада пратеникот Александар Николоски присуствуваше на прославата по повод педесет годишнината од основањето на најголемата асоцијација на Македонци во Канада- “Обединети Македонци”. На вечерата присуствуваше и Премиерот на Канада Стивен Харпер, како и министерот за имиграција и мултикултурализам Џејсон Кени. Александар Николоски оствари средба со нив на која беше реафирмирана подршката која Канда ја дава на Република Макдеонија за одбрана на уставниото име и членство во НАТО. Г. Николоски ја истакна благодарноста на Република Македонија за признавањето на нашата …
После полноќ возачите ќе ги полнат резервоарите со ЕУРОСУПЕР БС-95 кој ќе чини 72,50 ден/лит односно тој поскапува за 0,50 ден/лит . Нема промени кај цената на супер 98 и ќе се точи за 74 денариЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи исто така раст на цената но за 1,50 ден/лит и ќе се продава на бензинските пумпи по 66,00 ден/лит.Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 54,50 ден/лит, а поскапува и мазутот М-1 НС кој ќе изнесува 34,351 ден/кг.Овие цени важат во следните две недели.
Посредникот на ОН Метју Нимиц првпат на заедничка маса ќе ги седне новиот македонски преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот Адемантиос Василакис.На оваа рунда преговори, според најавите во Скопје и во Атина, не се очекува нов предлог од Нимиц, туку треба да бидат прецизирани позициите на двете страни, да се разгледаат идеи и сугестии во врска со преговарачкиот процес. И Македонија и Грција остануваат на официјалните позиции – македонската за двојната формула, едно име што ќе се договори за билатерална комуникација со Атина и уставното за сите други, а грчката за едно име со геогр…
Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата. Во текот на денешниот ден министерот Коњановски ќе има средба со помошникот на генералниот секретар на НАТО за операции, Лоренс Росин, како и со амбасадорите на Романија, Сорин Думитру Дураку, на Шведска и на Норвешка, Вероника Ванд – Даниелсон и Ким Траавик и со канадскиот амбасадор при НАТО Роберт МекРе…
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Бугарија. За време на посетата шефот на државата ќе оствари средба со својот домаќин, претседателот Георги Парванов. Во Софија, македонскиот претседател ќе се сретне и со претседателот на бугарското Народно Собрание Георги Пирински, а во негова чест работен ручек ќе приреди премиерот Сергеј Станишев. Претседателот Црвенковски утре ќе престојува во Пловдив, каде, во придружба на градоначалникот на градот, Славчо Атанасов ќе го посети Бачковскиот манастир и стариот град. {loadpositio…
По повод одбележувањето на Јубилејот „15 години специјална единица на АРМ“, припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денеска ќе изведат марш во околината на Скопје. Припадниците на оваа елитна единица за време на маршот ќе прикажат основни оперативни процедури кои ги применуваат за успешно извршување на таква задача, како и дел од тактиките, техниките и процедурите и вештините, со кои создадоа по кој се препознатливи. {loadposition content9}