Владините кампањи најматни во јануари

Владините кампањи во 2007 година од 7,7 милиони евра, износ, што беше тајна за јавноста речиси две години е најматен настан за јануари во анкетата „Бистро – Матно“ со десет гласа.

logo
лого

Владините кампањи во 2007 година од 7,7 милиони евра, износ, што беше тајна за јавноста речиси две години е најматен настан за јануари во анкетата „Бистро – Матно“ со десет гласа.

Најбистро со 15 гласа е откривањето и казнувањето на државните службеници, кои злоупотребувајќи ја положбата не плаќале патарина.

Ова е оценката на 17 главни уредници на печатени и електронски медиуми во Македонија, во анкетата „Бистро – Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност – нулта корупција“.

Државниот завод за ревизија во јануари ги соопшти првите официјални податоци за кампањите на Владата во 2007 г., за кои јавноста претходно не успеваше да добие конкретен одговор. Најскапа била кампањата „Инвестирајте во Македонија“, за привлекување странски инвеститори со 3,3 милиони евра.

Останатите околу 4,4 милиони евра били потрошени за домашните кампањи Кампањите продолжија и натаму, со мали паузи пред изборите, јавноста за една кампања дозна дека чинела „околу 400 илјади евра“.

mostНа второто место со четири гласа е изјавата на градоначалникот на Кисела Вода, дека веќе не постоела урбана мафија во општината, која ја „тресеше“ градежната мафија (случаите Фиком, Гиа Инженеринг и други) и измами стотици граѓани, кои останаа без пари и без станови

„На крајот на мојот мандат и официјално можам да кажам дека урбаната мафија во оваа општина повеќе не постои“, рече градоначалникот Џорџе Арсов во интервју за „Дневник“.

Три „матни гласа“ доби продолжението на злоупотребата на собранискиот канал, преку директен пренос од владина седница и реприза, покрај предупредувањето дека со тоа се крши законот. Советот за радиодифузија посочи дека и покрај тоа што се крши законот нема можности да се санкционираат прекршителите.

Полициските контроли против неплаќањето патарина е најбистар настан во јануари. Над 150 лица, меѓу кои имаше и голем број на државни службеници, вработени во судството, но и свештени лица, беа откриени и санкционирани во неколкуте контроли на полицијата.

Два гласа доби Антикорупциска програма што ја донесе Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

Целта на програмата е да ја дефинира корупцијата во МВР и полицијата и да воспостави стратегија за борба против корупцијата, со механизми за контрола и систем на мерки и активности, врз основа на кои ќе може успешно да се детектираат и сведат на минимум појавите на коруптивно однесување во сите случаи на корупција и нивно санкционирање.

Во анкетата „Бистро – Матно“ за јануари учествуваа телевизиите, А1, Алсат, Алфа, Канал 5, Телма, радио Канал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Нова Македонија, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top