Под претседателство на Васил Стерјовски денеска во Тирана ќе се одржи прв конгрес на македонска партија во Албанија. Конгресот, како што информира Светскиот македонски конгрес (СМК), треба да донесе одлука за преименување на партијата.Македонска алијанса за европска интеграција, формирана на 30 октомври 2004 година, во Македонска партија.Покрај тоа, предвидено е да се донесе Статут и програма за работа на Македонска партија, одлука за формирање регионални организации на Партијата и Резолуција за унапредување на положбата и правата и слободите на Македонците во Република Албанија. Членовите …
Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот „Тоше – Д Хардест тинг“ (Toshe – The Hardest Thing) на словенечкиот режисер Бостјан Слатенсек, посветен на страствената и бескрајна љубов на Тоше Проески кон музиката и на подготовката и изработката на британскиот музички компакт диск на трагично загинатата македонска пејачка ѕвезда, јави дописникот на МИА од Лондон.Како гостин на вечерта присуствуваше музичкиот продуцент на Тоше во Велика Британија Енди Рајт, кој по проекцијата на осумдесет минутниот документарен филм, снимен во Лондон, Скопје, на …
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа свечености и манифестации денеска ќе ја одбележи триесетгодишнината од денот на своето формирање. Одлуката за формирање на вториот државен Универзитет во Македонија со седиште во Битола беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание, со која доброволно се здружија тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола, Институтот за тутун од Прилеп и…
Свечено е отворен традиционалниот скопски филмски фестивал, на кој публиката ќе може да види дел од најновите светски хитови, како и три македонски премиери.Честа синоќа да го отвори 12 издание на филмскиот фестивал му припадна на филмот „Вики Кристина Барселона” на Вуди Ален.Под слоганот „Пролетно филмско будење”, филмскиот фестивал ќе се одржува во три кино сали (Рамстор 1 и 2 и Кинотека на Македонија) до 29 април.Филмската програма е поделена на главна, авторски филмови, специјални проекции, источно-европски вестерн, документарна програма, кратки и едноминутни филмови.Во рамки на фестива…
Судењето на обвинетите за организација на насилствата на 27 април 2017 година во Собранието се одложи за 26 февруари.
Причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес за случувањата на 27 април. Во тој процес, кој заврши на 15 март минатата година, за насилствата во Собранието на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Денеска требаше да биде првото рочиште за овој случај.
Обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална пол…
Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики.Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април.Навраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш да биде земја во која книг…
Авиосообраќајот денеска нема да биде блокиран и ќе се одвива во согласност со претходно утврдениот ред на летање, соопшти Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), откако вчера беше постигнат договор со Синдикатот на контролорите на летање да го стави во мирување најавениот штрајк за денеска од 9 до 19 часот. Одлуката за ставање на штрајкот во мирување уследи по решението на Министерството за финансии со кое се уважи жалбата на АЦВ против решението на Управата за јавни приходи, за наплата на поврат на ДДВ и предметот го врати на повторна постапка. Преку штрајкот контролорите на летање ба…
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската комисија во Брисел, при што ќе оствари средба со комесарот за проширување Оли Рен. На средбата ќе се разговара за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, за напредокот во спроведувањето на клучните приоритети од Пристапното Партнерство и перспективите за започнување нова фаза во односите со Унијата со отворање на пристапните преговори. Ќе се разговара и за укинувањето на визниот режим на Европската Унија кон Македонија, во светлина на …