Во организација на Владата на Република Македонија денеска во Охрид ќе се одржи Македонско – турски бизнис форум, на кој ќе присуствуваат околу 100 стопанственици и индустријалци од Турција.На отворањето на средбата на македонските и турските стопанственици ќе се обратат премиерот Никола Груевски, министерот без ресор во македонската Влада Хади Незир, министерот за надворешна трговија и инвестиции на Турција Зафер Чаглајан, турскиот амбасадор во земјава Арслан Хакан Окчал, како и претседателот на Сојузот на стопански комори и берзи на Турција Рифат Хисарџиклиоглу. Пред стопанствениците, нај…
Делегација на групата за пријателство Франција – Македонија од Националното собрание на Француската Република денеска ќе престојува во Република Македонија. За време на посетата делегацијата ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, како и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Франција Славица Грковска Лошкова.{loadposition content9}
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје доцна синоќа регистрираа нови земјотреси од серијата која започна на 23 мај и се уште трае. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 125 километри југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.Според последните податоци, синоќа се почувствувани уште два земјотреса и тоа првиот 20 минути по полноќ и вториот 46 минути по псле полноќ. Двата земјотреси се почувствувани во Богданци и во Валандово со интензитет од В степени според Европската макросеизмичка скала-1998 (ЕМС-1998…
Деновите на македонската култура во Прага завршија синоќа со настапот на Македонскиот балет во комплетен состав и изведбата на „Рајмонда“ на Александар Глазунов. Публиката во театарот во прашкиот кварт Винохради со аплаузи ги испрати од сцената Александра Мијалкова, Сергеј Сидорски и Дмитро Чеботар, кои ги одиграа главните улоги.Организаторот на манифестацијата „Под македонското сонце“ – Министерството за култура на Република Македонија, ја исполни мисијата – во земјата актуелен претседавач со Европската унија да ја покаже македонската култура во сите сегменти, низ разновидна програма, конц…
Во Битола по 28. пат, на едно место ќе се соберат младите ликовни уметници од светот, кои со четка и боја во рацете ќе ги пренесуваат архитектонските вредност создадени од македонските мајстори и градители.Македонија скоро три децении преку малиот битолски Монмартр е препознатлива ликовна и сликарска дестинација за децата од светот. Симболот на Монмартр е инспирација за нас, а уникатните градби во Битола, Охрид и Крушево, се голем мотив за децата, вели раководителот на колонијата, Коста Хаџи-Антоновски, во пресрет на вечерашното отворање во изложбениот салон „Магаза“.Според востановената тр…
Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам денеска заминува во Катар каде ќе учествува на пленарното заседание на EGMONT.На заседанието на EGMONT (тело што ги обединува единиците за финансиско разузнавање од целиот свет) во Доха, македонската делегација ќе ја предводи директорот на Управата за спречување на перење пари, Ване Цветанов.Од Управата најавуваат дека на заседанието на EGMONT ќе биде поставен на дневен ред проблемот со одбивањето на Грција да соработува со Македонија на полето на борбата против перењето на пари.„Грција со ваквиот однос …
ЕЛЕМ достави уште неколку тужби против ЕВН Македонија со кои бара наплата на 20 милиони евра од Австријците по повеќе основи. Како што најави директорот на Електрани на Македонија, Влатко Чингоски, ЕВН треба да врати 10 милиони евра за увозот на струја и уште толку за преземена, а неплатена енергија до април годинава.- ЕВН не ги почитува институциите и граѓаните на Македонија и тоа го покажува секојдневно. Компанијата на ЕЛЕМ заклучно со април годинава му должи 640 милиони денари и не сака да потпише договор врз основа на кој ќе може да се наплати преземената енергија за загубите над 11 отс…
Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 19 март 2020 година, го разгледа и го усвои Записникот од Четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 19 март 2020 година.Истовремено, согласно предлозите изнесени во расправата на седницата, ги усвои следниве заклучоци:1. Се забранува пристап на лица и возила во Парк шума „Водно“, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни р…