Јун 19, 2009

Нови потреси во валандовско

Земјотрес е почуствуван утринава во Валандово, Гевгелија, Богданци и околните населени места со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.Потресот се случил во 06 часот и 15 минути на околу 130 км југоисточно од Скопје во валандовското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. {loadposition content9}

Јун 19, 2009

Протести на стечајците пред владата

Тие бараат по итна постапка на дневен ред на парламентот да се најде иницијативата за донесување измени на Законот за материјално обезбедување на стечајните работници со работен стаж помал од 25 години до нивното пензионирање или ново вработување.Стечајците не ја исклучија можноста да постават шатори пред владата во кои ќе штрајкуваат до денот на решавање на нивниот проблем.{loadposition content9}

Јун 18, 2009

Развој на македонско-косовските односи

Трибина на тема „Постојните состојби во косовско-македонските (дипломатски) односи“ ќе се одржи денеска напладне во Скопје.Гости на трибината, како што е најавено, ќе бидат релевантни претставници од Косово и Македонија, Ул Хоџа, извршен директор на Советот за надворешна политика на Косово и Ѓунер Исмаил, аналитичар и потпретседател на Советот за глобална соработка од Скопје.Организатор на трибината е Форум-Центарот за стратегиски истражувања и документација, во соработка со Швајцарската амбасада во Скопје. {loadposition content9}

Јун 18, 2009

Станови за лица со интелектуална попреченост

Станови за самостојно живеење денеска во Демир Капија ќе им бидат доделени на пет лица со интелектуална попреченост.Тие ќе имаат постојано грижа од страна на три вработени стручни лица.Согласно Националната стратегија за деинституционализација 2008-2018 досега се отворени пет станбени единици за лица со интелектуална попреченост, по две во Скопје и Неготино, и една во Демир Капија.Во нив се сместени 23 лица со интелектуална попреченост од Специјалниот завод Демир Капија.До крајот на 2009 година се планира отворање на 24 станбени единици во коишто ќе бидат сместени 96 лица, соопшти Министерс…

Јун 17, 2009

Почнаа уписите во средните училишта

Уписите во средните училишта низ Македонија, каде за прва година има вкупно 37.530 слободни места, ќе се спроведат денеска и утре.Министерството за образование и наука годинава за разлика од лани, бројот на слободни места го зголеми за 38 проценти, со цел на учениците да им се даде поголем избор и да се запишат онаму каде што сакаат.Годинава за слободните места во државните средни училишта ќе конкурираат 27.160 осмоодделенци, а резултатите ќе бидат објавени на 19. јуни.Во оние училишта каде што ќе се пријават поголем број ученици отколку што има слободни места, ќе се врши квалификациско тес…

Јун 17, 2009

Премиерот Груевски на состанок со градоначалници во ЗЕЛС

Премиерот Никола Груевски и владините министри чиј делокруг на работа е поврзан со ингеренциите и функционирањето на единиците на локалната самоуправа денеска ќе имаат работен состанок со Управниот одбор на Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).Целта на состанокот, како што соопшти ЗЕЛС, е да се разговара за повеќе отворени прашања што може да ја подобрат и унапредат власта на локално ниво.  Во фокусот ќе бидат финансирањето на општините, состојбите во урбанизмот и просторното планирање, како и руралниот развој.{loadposition content9}

Мар 25, 2020

УПАТСТВО ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОРОНАВИРУС КАЈ МАТИЧЕН ЛЕКАР

Закажувањето на земање брисеви веќе се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е пот…

Јун 16, 2009

Турска воена делегација во дводневна посета на АРМ

Воена делегација на вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Илкер Башбуг, од денеска претстојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. Турската воена делегација ќе биде пречекана со високи воени почести, од нивниот домаќин началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.  Реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, нејзината формациска поставеност, како и проширување на билатералната  воена соработка помеѓу двете армии и идните заеднич…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top