Почнаа уписите во средните училишта

Уписите во средните училишта низ Македонија, каде за прва година има вкупно 37.530 слободни места, ќе се спроведат денеска и утре.

upisi
уписи

Уписите во средните училишта низ Македонија, каде за прва година има вкупно 37.530 слободни места, ќе се спроведат денеска и утре.

Министерството за образование и наука годинава за разлика од лани, бројот на слободни места го зголеми за 38 проценти, со цел на учениците да им се даде поголем избор и да се запишат онаму каде што сакаат.

spisociГодинава за слободните места во државните средни училишта ќе конкурираат 27.160 осмоодделенци, а резултатите ќе бидат објавени на 19. јуни.

Во оние училишта каде што ќе се пријават поголем број ученици отколку што има слободни места, ќе се врши квалификациско тестирање за предметите важни за струката. Таквото тестирање ќе се спроведе на 24. јуни, а резултатите ќе бидат објавени следниот ден.

Критериуми за упис се средниот успех на ученикот од петто до осмо одделение, среден успех постигнат по четири предмети – мајчин јазик, странски јазик и два предмета кои се клучни за струката за која што ученикот конкурира, дипломи за освоено прво, второ и трето место на меѓународни и републички натпревари и средна вредност од поените добиени за поведение. Според утврдените критериуми, ученикот може да добие најмногу 80 поени.

Второто пријавување во првиот уписен рок е на 29. и 30. јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 1 јули.

Вториот уписен рок во средните училишта е закажан за 19.август, а на 20. август училиштата треба да ги објават резултатите од пријавувањето.

Средното образование од минатата година е задолжително и родителите кои нема да ги запишат своите деца ќе платат казна во висина од 1.000 евра.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top