Јун 25, 2009

Министерот за надворешни работи на Словачка во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија, на покана шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.Според Елена Димчова од одделението за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи, посетата на Лајчак ќе биде одбележана со подигнување на нивото на досегашната Канцеларија за врски на Словачка во амбасада.„Ова ќе биде 28-ма резидентна амбасада во Македонија“, рече Димчова.Министрите Лајчак и Милошоски во Скопје треба да потпишат договор меѓу Словачка и Македонија за заштита на инвестициите. Владата на Словачка …

Јун 24, 2009

Почуствуван земјотрес во Битола

Слаб земјотрес е регистриран рано изутрината во Македонија, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на земјотресотбил на шест километри југозападно од Битола, пренесува Макфакс.Земјотресот е регистриран во 03,51 часот. {loadposition content9}

Мар 28, 2020

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата

По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:- Скопје- 143- Дебар – 45 од кои 2 починати- Куманово – 20 од кои 1 починат- Штип – 8- Прилеп – 8- Тетово- 4- Охрид- 3- Велес – 3- Струга – 3 од кои 1 починат- Кавадарци – 2- Гостивар – 1- Битола – 1 Утрово почина една пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани п…

Јун 24, 2009

Бакојани со нови барања

Ова го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, откако во понеделникот се одржа нова рудна преговори за името.„Тие добија пораки од сите влади на Европските земји и на членките на НАТО. Се надевам дека ќе пристапат кон преговорите со поинаква политичка логика“, рече Бакојани.Од друга страна македонскиот премиер деновиве повтори дека предложеното име ќе оди на референдум.Преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се сретнаа во понеделникот во Женева со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој на почетокот на јули треба да ги посети Ско…

Јун 24, 2009

Министерот за одбрана во посета на Казахстан

Македонскиот министер Зоран Коњановски,  денеска и утре ќе учествува на ЕАПС Безбедносниот форум, што ќе се одржи во Астана, Казакстан. На Безбедносниот форум ќе учествуваат делегации од 28 земји членки на НАТО и од 22 Партнерски земји, се наведува во соопштението од одбрана.ЕАПС Безбедносниот форум е формат кој обезбедува дијалог помеѓу земјите членки на НАТО и Партнерите. Првиот Безбедносен форум  се одржа во мај 2005 година во Оре, Шведска.На Безбедносниот форум делегациите ќе разговараат за: безбедноста со посебен акцент на ситуацијата во Авганистан, безбедноста во централна Азија  и Ка…

Јун 23, 2009

Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ.Дводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка.Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка  и за перспективите за  развој во насока на заедничката евроатланска визи…

Јун 23, 2009

Решение за името да се бара поинтензивно

Дојдено е времето решението во спорот за името да се бара поинтензивно, изјави посредникот на Обединетите нации(ОН) Метју Нимиц.Нимиц, за време на вчерашната прес конференција во Женева, рече дека двете земји се подготвени да најдат решение за спорот за името, што ќе имплицира поголема безбедност во регионот, а ќе овозможи и зачленување на Македонија во НАТО и Европската унија.Посредникот на ОН вчера со преговарачите од двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис разговарал за областите кои досега го кочеа преговарачкиот процес.Македонскиот преговарач Зоран Јолевски рече дека Македони…

Јун 22, 2009

Денес продолжуваат преговорите за името

Македонија и Грција денеска со посредство на ОН ги продолжуваат разговорите за разликите околу името, коишто мируваа четири месеци поради изборите во двете држави.Посредникот на Обединетите нации (ОН) Метју Нимиц ја закажа средбата со преговарачите, македонскиот и грчкиот амбасадор, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, во европското седиште на ОН во Женева.Ова е прва рунда разговори околу името по одржаните претседателски и локални избори во Македонија, како и изборите за Европскиот парламент во Грција.Од ниту една страна во разговорите нема најава дали денеска може да се очекува нов пред…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top