Малопродажните цени на бензините од денеска се намалија за 2,5 денари, дизелите поевтинија за еден денар и екстралесното зa половина денар.Новата цента на ЕУРОСУПЕР-95 изнесува 60,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР-98 е 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 62,00 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) од ноќеска на полноќ изнесува 48,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 38,00 ден/лит.Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се намалуваат за 0,267 ден/кг, односно за 0,275 ден/к…
Владата на Република Северна Македонија на својата 31-ва седница го разгледа барањето на Министерството за труд и социјална политика и донесе заклучок со која се задолжуваат сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, вработените лица во овие институции кои одат на работа со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.
Владата им …
Специјалниот претставник на Обединетите нации(ОН) во спорот за името Метју Нимиц денеска и утре треба да престојува во Македонија, по што ќе отпатува во Грција.Посета следи по разговорите што Нимиц ги имаше со амбасадорите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, на 22. јуни во седиштето на ОН Женева. По средбата со преговарачите Јолевски и Василакис, медијаторот рече дека е време за интензивирање на потрагата по решение за името, при тоа додавајќи дека двете страни остануваат во своите рововски позиции.Нимиц, на прес конференција, рече дека во Женева се разговарало токму за о…
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на покана од полскиот министер за култура и национално наследство Богдан Здројевски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Полска.Во рамки на посетата, како што пренесува Макфакс, двајцата министри ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за 2009-2011 година.Македонската министерка денеска во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура. {loadposition content9}
Уличен танц, музицирање на отворено и пантомима се дел од содржините во кои ќе може да уживаат скопјани почнувајќи од викендов.Пилот проектот „Улични музичари и танчери – забавувачи“ ќе се случува пред влезот во Градскиот трговски центар, на плоштадот „Македонија“ кај „Дал Метфу“, на улицата Македонија кај спомен-куќата на Мајка Тереза и кај џамијата во Старата скопска чаршија. На овие локации пред скопјани ќе настапуваат музичари и музички групи, актери, уметници, жонглери и пантомимичари. Во деновите од викендот уметниците на отворено ќе настапуваат во два термини и тоа од 11 до 14 часот …
Два слаби земјотреса утрово се почувствувани во Валандово, Гевгелија и Богданци со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, земјотресите се регистрирани во 8 часот и во 8 часот и 5 минути, а епицентарот и на двата земјотреса се наоѓа на околу 130 км југоисточно од Скопје и потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.{loadposition content9}
Со свеченост по повод Денот на независноста, вчера попладне требаше и официјално да биде отворен новиот објект на американската амбасада, лоциран на скопското Кале. Прославата на 4 Јули беше најавено дека за првпат ќе се одбележи според протоколот на маринците со подигнување на американското и македонското знаме и со интонирање на националните химни на САД и на Македонија. Пред присутните гости од државниот врв, дипломатскиот кор, верските заедници и невладините организации требаше да се обрати амбасадорот Филип Рикер, а беше најавено и присуството на директорот од Стејт департментот за изг…
Групацијата Жито Вардар информираше дека деновиве ги извезе првите 220 свињи во соседна Албанија.Компанијата, како што соопшти вчера, има амбициозни планови за пласман на производите на албанскиот и црногорскиот пазар.Жи-Ва е веќе добро познат бренд за месо во Србија. Во првото полугодие на 2009 беа извезени преку 600 тони свинско месо во вредност од преку 1,2 милиони евра.“Нашето производство на свинско месо покрива над 60% од потребите за свежо месо во Македонија. Се стремиме кон развој и проширување на странските пазари и очекуваме извоз од над три милиони евра до крајот на годината“, ве…