Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”.Италијанскиот композитор Мориконе диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други.Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето” свечено ја отвори македонскиот претседател и покровител на годинешнот…
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ.Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина.Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум.Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска.{loadposition content9}
Македонија има право да биде членка на НАТО, затоа што ги исполнува сите услови. Голема штета и скандал е тоа што земјата уште нема покана, изјави Џорџ Робертсон, поранешен генерален секретар на НАТО во вчерашното интервју за емисијата на МТВ „Отворено со народот“.- Грција има свои причини зошто го блокира процесот, но таа се разбира, како членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамки на НАТО. Затоа сега верувам дека и Македонија и Грција ќе покажат флексибилност околу прашањето за името и Македонија ќе стане членка на НАТО, рече Робертсон. Тој потребата од флексибилност во п…
Парламентот вечерва нешто по полноќ избра тројца нови министри и двајца вицепремиери, по смената и оставките на првите луѓе во секторите за финансии, образование, земјоделство, економски прашања и евроинтеграции.Собранието, по речиси петчасовна дебата, со гласовите на парламентарното мнозинство избра вицепремиери за евроинтеграција и за економски прашања, и министри за финансии, образование и земјоделство.Нов вицепремиер за евроинтеграции е Васко Наумовски, додека нов вицепремиер за економија е Владимир Пешевски.Нов министер за финансии е досегашниот вицепремиерза економски прашања Зоран Ст…
Македонското собрание денеска се очекува да расправа за изборот на нови министри, по оставката на првите луѓе во секторите за евроинтеграции, финансии, образование и земјоделство.На собраниската седница закажана за 11 часот се предлозите за избор на министри, именување на заменици министри, како и разрешување на член во Владата на премиерот Никола Груевски.Според најавите, нов министер за финансии и потпретседател на Влада треба да биде Зоран Ставревски.За нов вицепремиер за економија е предложен Владимир Пешевски, а ресорот евроинтеграции ќе го води Васко Наумовски.Ресорот образование е пр…
Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил посочи дека во првиот месец на епидемијата со COVID-19 имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот.
Филипче потенцира дека пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска учествува на четвртиот „Кроација самит“ на тема „Стратешки императив на Европа – енергетика, инвестиции и развој”, што се одржува во Дубровник.Милошоски ќе има свое обраќање на панелот наречен “ЕУ и НАТО – Трансформација на Југоисточна Европа“, во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ и членството во НАТО, како клучни прашања за политичкиот и демократски развој на земјата.Високи претставници на држави и на меѓународни организации ќе разговараат за актуелни…
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе го посетат Скопје во втората половина на јули.
Одвоените посети на двајцата високи европски дипломати, се предвидени во рамки на турнеите на Солана и Рен на Западен Балкан, за кои деталите се уште се прецизираат, соопштија официјални извори во Брисел.Посетата на Солана на регионот, е предвидена за идната недела и најверојатно ќе започне на 13-ти јули во Белград, по што Солана ќе ги посети Приштина и Скопје.Еврокомесарот Рен се очекува на 22 јули да има средби со властите в…