Нови 17 генерики или вкупно 39 нови лекови се очекува да се најдат на ревидираната позитивна листа, која ќе се применува од први септемри годинава.Новата позитивна листа, како што информираа денеска од Фондот за здравствено осигурување, утре ќе се најде пред министерот за здравство Бујар Османи.Придобивка од новоодобрените лекови ќе имаат децата со цистична фиброза, респиративно болните, имунокомпромитирачките пациенти, како и оние кои страдаат од остеопороза.Новата позитивна листа, се обновува по две години и на неа не се отфрлени медикаментите кои се наоѓаа на претходната позитивна листа….
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати покана до претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани, за одржување заедничка средба на која би се разговарало за прашања од државен интерес за Република МакедонијаГруевски предлага средбата да се одржи денеска во 15.00 часот во Клубот на пратеници.- Во пресрет на извештајот на Европската комисија за прогресот на Република Македонија и севкупните евро-атлански интеграции кои што се од големо значење за нашата земја, а во контекст на продолжување на редовните консулта…
Управата за Хидро Метеоролошки работи најави дека во Македонија до сабота се очекува сончево и многу топло време, со висока вредност на УВ индексот.Особено топло време се очекува во петок и сабота кога температурата на воздухот на некои места ќе достигне до 41 степен, поради што постои опасност од појава на пожари.Министерството за здравство упати препораки до граѓаните за намалување на ризиците врз здравјето од дејството на топлотниот бранЗдравствените работници апелираат во екстремно топлите денови да се остане во затворени простории, да се носи светла и лесна облека, капа, заштитни очила…
Времето до објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите и исполнувањето на осумте критериуми е кусо.Ова е пораката што на македонскиот државен врв ќе му ја пренесе еврокомесарот за проширување Оли Рен за време на денешната посета на Скопје.Комесарот рен во Скопје треба да се сретне со претседателите на Државата, на Собранието и на Владата, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски и Никола Груевски. Исто така предвидени се и средби со министрите вклучени во процесот на евроинтеграции, како и со Националниот совет за евроинтеграции при Собранието.Главните забелешки на ЕУ з…
Согласно Заклучоците на Комисијата за заразни болести содржани во записникот бр. 09-982/34 од 31.03.2020 година, Министерството за здравство ги известува сите лица кои поминале период од 14 дена во самоизолација (домашна изолација) и немаат симптоми дека не е потребно лабораториски да се тестираат.
Со почит,Министерство за здравство
Собранието вчера попладне го изгласа дополнетиот Предлог на закон за внатрешни работи. Против гласаше опозицијата зашто, според нив, и покрај дополнувањето, текстот на законот не бил подобрен и не бил прифатен ниту еден нивни амандман.Пратениците од опозицијата забележаа дека се работи за мали технички промени и сметаат дека законот е штетен, укажаа на опасност за кршење на човековите права поради концентрација на моќ во тајната полиција и ги оспоруваа дискрециските права на министерот за внатрешни работи за регулирање суштински работи.Во попладневниот дел од 64. седница пратениците едногла…
Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија. Тој ќе има средби со државниот врв на Србија, со претседателот на Владата, Мирко Цветковиќ, претседателот на Народното собрание на Србија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, како и со претседателот на државата, Борис Тадиќ.Според предвидената агенда македонскиот премиер ќе ја посети и Стопанската комора на Србија, каде ќе учествува на Деловниот форум на кој ќе учествуваат и бројни македонски и српски стопанственици.Во рамките на посетата,предвидено е потпишување на Спогодба за економска соработка и…
Состанок на Управниот одбор на Проектот за воспоставување на Националната разузнавачка база на податоци ќе се одржи денеска во Скопје.На состанокот Управниот одбор ќе ја разгледа Финалната верзија на Студијата за изводливост на проектот. Изготвувањето на Студијата е една од одредниците од патоказот од чие исполнување зависи и добивањето на датум за преговори со Европската унија, соопшти МВР.Претседател на Управниот одбор на Проектот е Министерот за внатрешни работи, а негови членови се првите луѓе на Царината, Управата за спречување на перење пари, Финансовата Полиција, УЈП, Јавниот обвинит…