Јавна трибина на тема “Воведување на систем на кариера во новиот Закон за внатрешни работи“ ќе биде одржана денеска во Центарот за обука во Идризово.Нејзината цел како што се наведува во лиферуваното соопштение од еден од организаторите Полицискиот синдикат е посеопфатно информирање на членовите на МПС, на вработените во МВР околу новините вградени во новиот закон. На трибината фокус ќе биде ставен на хоризонталното и вертикално напредување во кариерата, начинот и критериумите на оценување на службениците. Ќе се разговара и за дисциплинската одговорност и за санкционирање и деградирање.Спор…
Управата за заштита на културното наследство денеска ќе ја промовира интернет-страницата посветена на македонската археологија www.mav.mk и првата електронска публикација на Македонскиот археолошки преглед.Списанието ќе има функција да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија.{loadposition content9}
Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетикаСогласно одлуката, новата цена на Еуросупер-95 е 60,50 ден/лит, на Еуросупер -98 е 61,50 ден/лит, на Еуросупер БС-95 изнесува 62,00 ден/лит и на Еуросупер БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.Цената на Еуродизелот (Д-Е V) од полноќ изнесува 48,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 37,00 ден/лит. Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се зголемија за 1,562 ден/кг, односно за 1,539 ден/кг, со што цената на мазутот М-2…
Владата ја разгледа и усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со коронавирус КОВИД-19 за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со законска сила.
„За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб страницата, кое ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од ред…
Намалување на температурите за неколку степени и појава на локални дождови најавуваат метеоролозите од денеска.Според најавите од УХРМ, од денеска може да се очекуваат краткотрајни дождови и пониски температури, а од утре и понестабилно време, некаде во форма на невреме.Метеоролозите велат дека од следната недела повторно ќе дојде до стабилизирање на времето, но не се очекуваат горештини слични на изминативе.{loadposition content9}
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов упати честитка до Андерс Фог Расмусен по повод преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО.- Г-дине генерален секретар Република Македонија и нејзините граѓани водејќи се од вредностите на слободата, демократијата и солидарноста, како столбови на кои почива Алијансата, од најраните денови на својата независност за врвен стратешки приоритет во реализацијата на националните интереси го одредија членството во НАТО. Како што веќе знаете во изминатиот период на тој план Република Македонија постигна исклучителен прогрес кој едногласно б…
Претставата „Крпен живот“ на Прилепскиот театар, вечерва премиерно ќе биде изведена во реконструираната праисториска населба на водите на Охридско Езеро, позната како Музеј на вода.Претставата, што е во режија на Владо Цветановски, се одржува во рамки на фестивалот „Охридско лето“.Во неа ќе учествуваат повеќе актери, меѓу кои Кирил Ристоски, Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Стојковска и други.{loadposition content9}
Во рамки на научно-културите средби Десет дена Крушевска Република, утре ќе се одржи премиера на документарниот филм „Натежнати брегови“, посветен на семејните корени и хуманата мисија на хуманистката скопјанката Гонџа Бојаџиу.Филмот е во режија на Кирил Узунов, а по сценарио на Стојан Тренчевски. Заедно со 30-тината учесници во филмот содржани се и сцени со следбениците во хуманото дело на Мајка Тереза, меѓу кои е и Тоше Проески.Филмот во пресрет на 100-годишнината од раѓањето на Гонџа Бојаџиу, што ќе се одбележи наредната година во светот и кај нас му е предаден на неговата светост папата…