Скокна малопродажната цена на бензините

Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 |   | 
пумпа
pumpa

Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ поскапеа 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика

pumpaСогласно одлуката, новата цена на Еуросупер-95 е 60,50 ден/лит, на Еуросупер -98 е 61,50 ден/лит, на Еуросупер БС-95 изнесува 62,00 ден/лит и на Еуросупер БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.

Цената на Еуродизелот (Д-Е V) од полноќ изнесува 48,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 37,00 ден/лит.

Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се зголемија за 1,562 ден/кг, односно за 1,539 ден/кг, со што цената на мазутот М-2 изнесува 24,661 ден/кг и на М-1 НС изнесува 26,169 ден/кг.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 67,671 $/барел и е за 11,13 % повисока од просечната цена на сурова нафта (60,893 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, се вели во образложението на регулаторите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top