По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка к…
Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван е вчера во 19. 43 часот во Валандово и Богданци.Епицентарот на земјотресот е регистриран на околу 130 километри југоисточно од Скопје и потекнува од валандовското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно – математичкиот факултет во Скопје.Земјотресот го регистрирале сеизмолошките станици во Охрид, Битола, Валандово, Штип, Крушево и Крива Паланка, како и станиците од мрежата на ХЕЦ „Козјак”.{loadposition content9}
Ова, како што јавија грчките гласила, го изјави посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц, синоќа во Њујорк, по средбата со грчкиот преговарач амбасадорот Адамантиос Василакис.Според атинскиот весник Етнос преговорите меѓу Атина и Скопје повторно се во ќор-сокак по „оправданото” одбивање на Грција да го прифати модифицираниот сет идеи на Нимиц.Василакис, според истиот извор, на Нимиц му пренел дека Грција не е задоволна од модифицираните идеи претставени неодамна во Атина и во Скопје.Ставот на Скопје, за пакетот идеи кој предвидува договарање на името „Република Северн…
Првиот уписен рок на државните високо образовни институции во државата за студентската 2009/2010 година започнува денеска, соопшти Министерството за образование и наука.Годинава на државните факултети во Македонија има место за упис на 23.558 бруцоши. На 63 факултети на петте државни универзитети се предвидени 14.578 места за редовни студенти, во квотата со кофинансирање се обезбедени 6.208 слободни места, како и 2.772 слободни места за студентите кои вонредно ќе ја следат наставата.Министерството информира дека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има 10.626 слободни места за бр…
Денот на АРМ – 18. август ќе биде одбележан денеска со свечено престројување на вработените во Министерството за одбрана и на Генералштабот (ГШ).Според најавите, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување и стимулативни мерки по повод Денот на АРМ за припадниците на АРМ и Министерството за одбрана, а ќе бидат доделени плакети и благодарници за надворешните соработници.Пригоден говор пред присутните ќе одржи Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, а на свеченоста ќе присуствуваат и Министерот за одбрана Зоран Коњановски, раководителите во Министерство…
На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ.Целта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност, а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани.Во соопштението од Агенцијата изразуваат задоволство што бројот на странските туристи, според статистичките податоци во јуни годинава, е зголемен за 19,7 отсто во однос на истиот месец од 2008 година.Во периодот јануари-јуни оваа …
Вториот ден од полагањето во вториот испитен термин од државната матура се одржува денеска во училиштата низ Македонија.Матурантите денеска ќе полагаат математика или странски јазик. За предметот математика пријавени се вкупно 730 матуранти, додека за англиски, француски, германски и руски јазик, пријавени се 1.294 ученициУчениците во четвртокот го полагаа предметот мајчин јазик. Министерството за образование и наука соопшти дека од пријавените 837 ученици, македонски јазик полагаа 411, албански јазик полагале 414 матуранти, а 12 ученици полагаа турски јазик.Државната матура ја организира и…
Припадниците на АРМ денеска доброволно ќе даруваат крв во рамки на акцијата што ќе се спроведе во Воената болница во Скопје.Акцијата е дел од активностите по повод одбележувањето на 18 август – Денот на АРМ.Според најавите крв ќе даруваат и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, како и припадници на Генералштабот на АРМ.Припадниците на АРМ од различни единици во пресрет на Денот на АРМ на дело ќе ја покажат хуманоста со доброволно давање на крв, со што ќе придонесат да се спасат многу животи во Република Македо…