Прв уписен рок на државните факултети

Првиот уписен рок на државните високо образовни институции во државата за студентската 2009/2010 година започнува денеска, соопшти Министерството за образование и наука.

univerzitet
универзитет

Првиот уписен рок на државните високо образовни институции во државата за студентската 2009/2010 година започнува денеска, соопшти Министерството за образование и наука.

studentiГодинава на државните факултети во Македонија има место за упис на 23.558 бруцоши. На 63 факултети на петте државни универзитети се предвидени 14.578 места за редовни студенти, во квотата со кофинансирање се обезбедени 6.208 слободни места, како и 2.772 слободни места за студентите кои вонредно ќе ја следат наставата.

Министерството информира дека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има 10.626 слободни места за бруцошите. На 21 факултет на универзитетот има 7.017 места за студентите кои редовно ќе ја посетуваат наставата, а во квотата со кофинансирање има 2.659 слободни места. За студентите кои вонредно ќе ја посетуваат наставата се обезбедени 950 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, располага со 3.507 слободни места на 11 факултети. Универзитетот обезбеди 1.956 слободни места за редовните студенти, како и 1.119 слободни места за квотата со кофинансирање. За бруцошите кои вонредно ќе ја посетуваат наставата се обезбедени 432 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник.

На универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има 4.940 слободни места. На 14 факултети на универзитетот има место за 3.142 бруцоши кои ќе се запишат во квотата на редовни студенти. Во квотата со кофинансирање има 1.028 слободни места, а во квотата на вонредни студенти 770 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти на овој универзитет ќе можат да поднесуваат до среда.

Државниот универзитет во Тетово, располага со 4.360 слободни места. На 12 факултети на овој универзитет има 2.338 слободни места во квотата на редовни студенти, како и 1.402 места во квотата со кофинансирање. За студентите кои ќе се одлучат вонредно да ја следат наставата се обезбедени 620 слободни места. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат до петок.
Универзитетот за информатички технологии во Охрид, располага со 125 слободни места на пет факултети во квотата за редовни студенти. Документи за прием во првиот уписен рок, идните студенти ќе можат да поднесуваат и во вторник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top