Окт 14, 2009

Македонија доби препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија

Еврокомесарот за проширување Оли Рен ова го соопшти попладнево во Брисел претставувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.„Сега може да препорачаме отворање на преговори за членство со поранешната југословенска република Македонија“, изјави Рен „Земјата оствари убедлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети“, истакна комесарот, осврнувајќи се на осумте одредници.„Комисијата смета дека земјата во задоволителна мерка ги задоволува политичките критеруми од Копенхаген и дека овие елементи и овозможија на Комисијата да препорача отворање на…

Окт 14, 2009

Министерот за одбрана на Шпанија во посета на Македонија

Шпанската министерка за одбрана Карме Чакон Пикерас денеска е во официјална посета на Скопје, каде е предвидено да оствари средба со нејзиниот македонски колега Зоран Коњановски.За време на министерската средба, која е прва од ваков тип, ќе биде потпишан Меморандум за соработка во областа на одбраната, со што ќе се официјализира билатералната соработка помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.Со потпишувањето на Меморандумот се потврдува уверувањето за меѓусебното разбирање, размената на информации и зголемувањето на соработката меѓу двете министерства и вооружените сили, кои се во …

Окт 13, 2009

“Климатски промени – предизвик и можности за Република Македонија“

Консултативна средба “Климатски промени – предизвик и можности за Република Македонија“ ќе се одржи денеска во просториите на Клубот на пратеници во Скопје.Средбата е во рамките на подготвителните активности за претстоечкиот 15-ти состанок на државите – страни на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени и петтиот состанок на државите – страни на Протоколот од Кјото што во декември 2009 година треба да се одржи во Копенхаген, Данска.{loadposition content9}

Апр 14, 2020

Телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели во периодот со справувањето со КОВИД-1

Отворена е телефонска линија за консултација и советување за лица со деменција и нивни негуватели. Од Универзитетската клиника за неврологија информираат дека пациентите може во периодот од 11:00 до 13:00 часот, во понеделник и среда, да се јават на телефонскиот број 075/277-806 во амбулантата за деменции за консултација и советување. Повозрасните лица се особено чувствителни на кризни состојби и природни катастрофи, а ова за жал се потврдува токму во овој период кога сите ние живееме во услови на променета дневна рутина поради пандемија со болеста предизвикана од корона вирусот COVID-19….

Окт 13, 2009

Естонскиот претседател Илвес во посета на Македонија

Претседателот на Република Естонија Томас Хендрик Илвес од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.Естонскиот претседател Илвес попладне ќе има тет-а-тет средба со својот домаќин Ѓорге Иванов, по што ќе бидат одржани и пленарни разговори на двете делегации.{loadposition content9}

Окт 12, 2009

Одбележување на Светски ден на храната

Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе учествува во одбележувањето на Светкиот ден на храната, кој ќе се одржи во Куршумли Ан, во Старата скопска чаршија. Во рамки на манифестацијата, граѓаните ќе имаат можност за бесплатни лекарски прегледи, дегустација на традиционална храна, а предвидена е и изложба на традиционални садови во домаќинството.{loadposition content9}

Окт 12, 2009

Ревија на кратки и документарни филмови

Ревија на кратки и документарни филмови од најновата македонска продукција, започнува во вторник вечер во Кинотеката на Македонија.Во организација на Филмскиот фонд на Македонија и Кинотеката на Македонија до 15 октомври ќе бидат прикажани 10 филмови кои беа поддржани од Филмскиот фонд и Министерството за култура на Република Македонија. Ревијата стартува со премиерната проекција на документарниот филм „Далеку од дома“ на Чедо Поповски и краткиот анимиран филм „Внатре“ на Иван Ивановски. Во наредните четири дена ќе бидат прикажани кратките играни филмови „Еден“ на Вардан Тозија, „Поинаку“ н…

Окт 10, 2009

Светски ден на пешачењето

Светскиот ден на пешачењето денеска ќе се одбележи во Скопје.Главниот град на Македонија со тоа ќе се вброи меѓу метрополите на 72 земји од светот кои што под покровителство на Светската Здравствена Организација го одбележуваат овој ден.Светскиот ден на пешачењето ќе биде одбележан во организација на граѓанското здружение ГАРД и Универзитетот ФОН, под покровителство на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт и Амбасадата на Република Словенија.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top