Македонија доби препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија

Еврокомесарот за проширување Оли Рен ова го соопшти попладнево во Брисел претставувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

лого
лого

Еврокомесарот за проширување Оли Рен ова го соопшти попладнево во Брисел претставувајќи го Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Сега може да препорачаме отворање на преговори за членство со поранешната југословенска република Македонија“, изјави Рен

„Земјата оствари убедлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети“, истакна комесарот, осврнувајќи се на осумте одредници.

„Комисијата смета дека земјата во задоволителна мерка ги задоволува политичките критеруми од Копенхаген и дека овие елементи и овозможија на Комисијата да препорача отворање на преговори за членство“, рече Рен.

„Верувам дека владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик, охрабрување конечно да го разреши и прашањето на името, кое што е тука веќе 18 години“, продолжи еврокомесарот.

„Одржувањето на добрососедските односи вклучително и преговарано и меѓусебно прифатливо решение за името под закрила на ОН останува од суштествена важност“, пренесе комесарот дел од заклучоците на ЕК.

„Сега е навистина посуштествено и поитно од било кога заради доброто и заради европската иднина на земјата“, рече тој.

Извештајот на ЕК ќе биде упатен до Советот на Европската унија, кој на состанокот во декември треба да го определи точниот датум за почеток на преговори на Македонија за полноправно членство.

Македонија има статус кандидат за членство во Европската унија од 2005 година.


Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top