Мар 10, 2010

„То Вима“: Вашингтон предлага „Република Северна Македонија“

Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот, побарале американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, пишува денеска весникот „То Вима“ Обама и Клинтон, како што се наведува, му кажале на Папандреу дека ако Грција одговори позитивно на нивното барање, Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН дека називот „ПЈРМ“ во иднина може да се замени со „Република Северна Македониј…

Мар 10, 2010

Обука на вработени за превенција против перење пари

Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од денес почнува со серија  обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам.Целта на обуките е подобро запознавање на вработените во субјектите со законските обврски и светските трендови во оваа област.Како што информираат од институцијата до крајот на март секојдневно ќе се одржуваат предавања, на кои ќе бидат обучени вработените во 240 менувачници од целата земја.Според програмата наредните месеци обуката ќе ја посетат и околу 360 в…

Мар 9, 2010

Парламентарното мнозинство ја спаси Мирјана Димовска од разрешување

Интерпелацијата предизвика огромен интерес кај пратениците и имаше преку 30 пратеници кои дискутираа на оваа тема. По десетчасовна дискусија, сосема очекувано заврши расправата по интерпелацијата на пратеничката група на СДСМ за работата на првата антикорупционерка Мирјана Димовска.Со 62 гласа против барањето за разрешување и само 13 за интерпелацијата, Мирјана Димовска го преживеа и овој напад од опозицијата. Сепак, позицијата на претседателката Димовска е неизвесна бидејќи неа и формално и заврши третиот мандат како претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.По жестока…

Мар 8, 2010

МНР се уште без информации за загинатиот македонец во Авганистан

Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема информации за смртта на македонскиот државјанин во Авганистан. Велат македонскиот конзулат ги контактирал авганистанските власти, но се уште немаат повратна информација.“Ги контактиравме властите во Авганистан, но се уште немам никаква информација. Немаме ниту потврда дали човекот е починат, а ако е од што настапила смртта, дали е природна или не. Информација ја очекуваме може да пристигне денеска или пак во текот на неделава“, велат од МНР.Во случајот е ангажирана и македонската на Анкара за да изврши притисок врз властите во Авга…

Мар 8, 2010

Германската радиотелевизија не смее да објавува информации за „Еколог“

Германската радиотелевизија НДР повеќе не смее да објавува информации со кои ќе „буди сомнеж“ дека фирмата „Еколог“ врши трговија со дрога, вака одлучи судот во Хамбург.Според одлуката, НДР не смее веќе да објавува информации за „Еколог“ кои сугерират дека фирмата „врши трговија со дрога“ или дека „зад неа се кријат членови на еден клан, кои се поврзани со организиран криминал“, пренесува Дојче Веле.Во соопштение до медиумите, „Еколог“ ги оцени наводите во извештајот на НДР како „обвинувања без основа“. НДР објави дека фирмата веројатно ги користела деловните врски со заштитните трупи ИСАФ …

Мар 6, 2010

Македонската влада ќе ги објави антикризните мерки

Македонската влада денеска ќе ги објави новите антикризни мерки. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,дел од новите мерки ќе бидат донесени на барање на бизнис заедницата, а дел на иницијатива на надлежите министерства.Претставникот на сојузот на стопански комори Мирче Чекреџи ја поздрави владината заложба за континуиран дијалог со бизнис заедницата. {loadposition content}

Мар 6, 2010

Македонија да не стравува од силни земјотреси

Градбите во Македонија се стабилни, но во случај на посилен потрес се можни оштетувања. Стручњаците стравуваат за градбите од периодот на транзицијата. Но, силни земјотреси во догледно време не се очекуваат. Градбите во Македонија, генерално, се сеизмички отпорни на потреси, иако при посилен земјотрес може да се очекуваат оштетувања, е генералната оценка на градежните и земјотресните инжинери кои ги анкетираше Дојче веле. Најголема резерва тие имаат во однос на објектите што се изградени по 1991 година, во периодот на транзиција немаше таква контрола како претходно, предупредуваат стручњаци…

Мар 5, 2010

По Белгија на ред дојде и Швајцарија

Зголемен е бројот на барања за азил од македонски државјани во Швајцарија, објави SwissInfo.Според бројките на Сојузната канцеларија за миграција, 166 македонски државјани побарале азил во Швајцарија во текот на февруари, речиси трипати повеќе од целата 2009-та година и девет пати повеќе од јануари 2010-та.Вкупно, швајцарските власти во февруари добиле 1.176 барања за азил. Најголем број се од Македонија, а по нашата земја, на второ место е Еритреја, а на трето Нигерија.По укинувањето на визниот режим со Шенген земјите на 19-ти декември 2009-та година, Белгија се соочи со зголемен број на б…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top