Во скопската населба Чаир, во пицеријата Белисима на улица Џон Кенеди, денес беше убиен вработен во ЕВН од страна на „незадоволен“ корисник Рамадан Рамадани од скопски Чаир е жртвата на вооружениот напад кој утринава се одвиваше во пицеријата Велисима.Наместо утринско кафе, 45-годишниот Рамадани заработи полн шаржер од автоматска пушка во неговото тело. Според првичните информации во него пукал 22 годишниот Мухамед Иса. Убиецот веднаш по убиството побегнал.Најверојатно причина за убиството е меѓусебното недоразбирање. Рамадани работел во ЕВН, а пред извесно време на Иса му била исклучена ст…
Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и` го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони.Ова го истакнал папата Бенедикт 16. на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски. Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.Поглаварот на Римокат…
Денеска во 14 часот стартува уплатата на првите игри на среќа „Ново Лото“ лозовите, Среќни тркала и Ѕвезден пат, информираше денес првиот човек на Државната лотарија, Јован Сиљаноски.Граѓаните ќе можат да уплатат на приближно 200 подружници на Лотарија во земјава.Гарантираната сума на Ново Лото е 100.000 евра без разлика на уплатата. Една комбинација ќе чини 15 денари. {loadposition content9}
Крушево со најголема концентрација на радон во земјава. Зголемени вредности на овој опасен гас се регистриран и во неколку домови во Свети Николе, Новаци, Прилеп и Скопје. Ова го покажале мерењата на институтот за јавно здравје изминатава година.„Треба да се види причината, дали е од градежен материјал, дали тој треба да се отстрани или е од некое друго потекло“, изјави Шабан Мемети.Радонот е радиоактивен гас кој е присутен во почвата. До луѓето стигнува преку градежните материјали, дрвото, мермерот, бетонот кои се црпат од местата каде е присутен радонот.Во големи концентрации во домовите…
Потпретседателот на Европскиот парламент Мигел Анхел Мартинез ја дели увереноста и оптимизмот на шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и оценува дека тоа се темели врз добрите информаци и реализмот – Сè што Моратинос вели е реалност, ние двајцата сме големи оптимисти кои се потпираат врз реализмот и добрата информација. Јас сум повеќе од оптимист, јас сум ангажиран и го имам оптимизмот на некој кој мисли дека има право и длабоко е подготвен да се бори за кога сме во право, да се наметне разумот. Тоа е оптимизмот на правдата и на раз…
Облакот од вулканска пепел што го зафати воздушниот простор над Европа има многу мало влијание врз Македонија, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.Дел од облакот претпладне мина над Македонија, но без било какви последици.Според податоците од британската меторолошка служба, облакот од вулканска прашина нема влијание врз Македонија и Балканот воопшто. Облакот во текот на денот има намалено влијание и на северот и северозападот од Европа.{loadposition content9}
Македонија има потенцијал но тој се уште не е искористен за развој на органското производство што е хит во светот.Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија.Регистрирани се вкупно 250 фармери, производители на органска храна. Врската помеѓу производителите и трговците засега е најголемиот проблем на кој му се придружува и недоволни…
„Пат до Македонија“ или оригинално „Road to Macedonia“ е приказна долга 8.000 километри, која ќе биде преточена во документарец за тројца британски мотоциклисти, кои во тешкиот пат низ новата Европска унија гледаат можност да се сретнат со старите пријатели, да ги запознаат различните култури и повторно да се откријат себеси.- Нашата цел никогаш не е место, туку нов начин на гледање на работите – велат тројцата обични луѓе, кои ќе тргнат на необично патување за кое своите фанови и пријатели секојдневно ќе ги информираат преку сајтот roadtomacedonia.co.ukИдејниот иницијатор на ова патување, …