Се поголема концентрацијата на радиоактивниот радон

Крушево со најголема концентрација на радон во земјава. Зголемени вредности на овој опасен гас се регистриран и во неколку домови во Свети Николе, Новаци, Прилеп и Скопје. Ова го покажале мерењата на институтот за јавно здравје изминатава година.

 |  Маја Савиќ  | 
radon
радон

izvori radonКрушево со најголема концентрација на радон во земјава. Зголемени вредности на овој опасен гас се регистриран и во неколку домови во Свети Николе, Новаци, Прилеп и Скопје. Ова го покажале мерењата на институтот за јавно здравје изминатава година.

„Треба да се види причината, дали е од градежен материјал, дали тој треба да се отстрани или е од некое друго потекло“, изјави Шабан Мемети.

Радонот е радиоактивен гас кој е присутен во почвата. До луѓето стигнува преку градежните материјали, дрвото, мермерот, бетонот кои се црпат од местата каде е присутен радонот.

Во големи концентрации во домовите може да предизвика рак на белите дробови. Иако фирмите со закон се задолжени да го испитуваат градежниот материјал од радон пред да се гради, според институтот никој не го почитува.

„Институтот за јавно здравје препорачува пред градба да се мери радонот во почвата и да се мери радонот во градежните материјали“, додаде Шабан Мемети.

Во поголеми концентрации радонот го има во непроветрени простории подрумите не куќите и халите.

Дополнителни испитувања на институтот ке треба да покажат во колку случаи присуството на радон довело до појава на карцином на белите дробови.

Стручњаците препорачуваат да се следи традиционалниот начин на градба, односно плочки или мермер да се ставаат само во бањите и во кујните, а во другиот дел од домот да се става дрвен под, кој нема да содржи радиоактивни материи. Гранитот, цементот, цементните блокови, фосфатниот гипс, црвениот мермер се градежните материјали што може да бидат потенцијален извор на радон.
Проблемот со високите концентрации на радон може да се реши ако се постават подобри системи за вентилација, заштитни подови во подрумите или ако се заменат градежните материјали.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top