Министерката Гордана Јанкуловска со положување цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР, заедно со претставници на семејствата на загинатите бранители и на Македонскиот полициски синдикат, во кругот на Министерството ќе почне централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.Во присуство на министри на Владата на Република Македонија, како и на голем број поканети гости, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации, на здруженија на борци и на граѓани и вработени во МВР, со постројувањето на почесниот вод, интонирањето на наци…
Во скопскиот кривичен суд почна сослушувањето на сведоците – 57 лица кои давале од три до пет илјади евра за да стигнат до инвалидска пензија со лажна медицинска документација.Се повикуваа еден по еден – сите признале дека им биле побарани илјадници евра од посредниците, лекарите и од членовите на комисиите кои сега се во притвор, пишува А1 ТВ.Во наредните неколку дена во скопскиот кривичен суд треба да се појават пензионери и невработени лица кои успевале со лажна медицинска документација да стигнат до инвалидска пензија од 5 до 20 илјади денари, пренесува А1 ТВ. Дел од нив соработувале со…
Пораката на весникот е јасна „Времињата на стравот поминаа. Нашата земја не може веќе да се крие зад прст. Мора да се согласи и да се прилагоди на тоа што се случува во другите европски земји“, порачува редакцијата на весникот и нејзиниот главен уредник, Димитри Јоану.- Денешниот ден е еден историски ден за македонското движење, но и за сите грчки граѓани кои посакуваат една навистина европска, демократска Грција. Почнува да циркулира првото масовно средство за информирање кое содржи вести, артикли и коментари и на македонски јазик. Еден јазик кој во Грција официјално не постои, но неофициј…
Не станува збор за паднат авион или беспилотно летало, туку за експлозија во погонот „Челичарница“ во Железара, информира Томче Божиновски, инспектор од Дирекција за заштита и спасување, во врска со силната експлозијата што изутрината околу 8 часот ги вознемири жителите на Скопје.Во експлозијата тешко е поведен еден работник, кој е пренесен во Градската болница.Според Благоја Менковски, командир на Противпожарната бригата, чии екипи се на терен, експлозијата се случила при сечење на старо железо, кое е расфрлано на локации и надвор од кругот на фабриката.Божиновски вели дека најверојатно ме…
Швајцарскиот пратеник во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) Андреас Грос најавува втор извештај и останува на тврдењето дека загинувањето на екс-претседателот на Македонија Борис Трајковски е убиство Информациите ќе излезат наскоро, тврди тој за радио Дојче Веле на македонски јазик.На последната сесија на ПС на СЕ Грос излезе со тврдењето дека авионската несреќа во која загина екс-претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, заедно со неговите соработници, не била несреќа, туку дека станува збор за убиство.- Тоа е мое лично убедување, јас сум убеден дека ста…
Загрижувачка состојба во новинарската професија, застој во сферата која по дефиниција треба да биде општествена авангарда и столб на демократските процеси. Новинарите се соочуваат со слабости во сопствените редови, немоќни се пред интересите на сопствениците на медиумите, неотпорни на влијанието на политиката. Главниот уредник на „Дневник“ Сашо Кокаланов се повикува на мудроста која вели дека слободата не се дава, туку се освојува. Затоа новинарите треба да тргнат од себеси во битката против ограничувањето на слободната мисла. “Има една изрека која вели-’Кога ќе речам слободен сум, веќе е н…
Од денеска па до 1 октомври алкохолни пијалоци ќе може да се купуваат во продавниците до 21 часот.Од 1 октомври повторно ќе стапи на сила досегашната забрана за продавање алкохол по 19 часот.Промените следуваат по измените во Законот за трговија, кои неодамна ги донесе Собранието.За оние кои ќе го прекрашат законот ќе следуваат казни – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, парична казна до 5 илјади евра и одземање на пијалаците.{loadposition content9}
Движењето за социјална правда – Ленка на меѓународниот ден на трудот организира првомајски протест против континуираното кршење на работничките права во Република Македонија.Протестот, како што е најавено ќе започне во 13.30 часот, на паркингот позади Градски трговски центар (наспроти зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија).Организаторите најавија дека од собирното место ќе се оди пред Собранието на Република Македонија, а потоа на плоштадот „Македонија“ каде што ќе се држат говори и ќе се делат памфлети за значењето на Први мај и за работничките права во нашата земја.Движењето за…