Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздрав…
Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.
Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата.
Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија ќе може да ја примат во најблискиот регионален онколошки центар. Распределбата на онколошката терапија, таа што може да се прима во регионалните центри каде што има услови за тоа, се прави со цел да се заштитат овие пациенти и да не се изложуваат на дополнителен ризик.
Дисперзијата и пренасочувањето на пациентит…
Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 38 оздравени пациенти во:
– Скопје 19
– Тетово 3
– Струга 9
– Битола 4
– Гостивар 3
Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на коронавирус и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова, вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од С…
Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше он лајн тренинг програма COVID 19 Response Training наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онајн.
Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од к…
На денешната 47-ма седница, Владата на Република Македонија донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.
На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.
За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и неде…
Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус. По градови:
– Скопје 25- Куманово 13- Прилеп 5- Струга 1- Битола 4- Охрид 1- Кочани 4
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.
Починаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Кума…
Министерот Филипче информираше дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, дека ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник.
„Сакам повторно да апелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано, на затворено и на отворено кога нема и не може да се држи физичка дистанца од два метра. Секако дека има граѓани кои оваа мерка ја почитуваат и сакам да се заблагодарам на сите тие коишто ја почитуваат, свесни дека ова е едно од клучн…