• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Македонија
  • Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш

Министерот Филипче информираше дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, дека ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник.

 |   | 

Министерот Филипче информираше дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, дека ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник.

„Сакам повторно да апелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано, на затворено и на отворено кога нема и не може да се држи физичка дистанца од два метра. Секако дека има граѓани кои оваа мерка ја почитуваат и сакам да се заблагодарам на сите тие коишто ја почитуваат, свесни дека ова е едно од клучните механизми за борба против вирусот. Досега сите мерки дадоа резултат. Јас сум уверен дека оваа мерка, како и сите претходни за кои има оправданост, ако доследно ја почитуваме ќе се заштитиме и себеси и нашите семејства, ќе превенираме раст на број на заболени, кој веќе два месеци е еден процес, којшто одлично го држиме под контрола“, истакна министерот Филипче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top