Апр 13, 2011

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Министерството за здравство на предлог на Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници – морбили на целата територија на Македонија бидејќи досега се регистрирани 678 случаи заболени од ова високо преносливо вирусно заболување. Според податоците на ресорното министерство речиси две третини од Македонија каде живее 50 отсто од населението имаат заболени лица од мали сипаници, што е причина за прогласување вонредна состојба.Министерот за здравство Бујар Османи информира дека Комисијата за заразни болести донела одлука да се вакцинираат со МРП сите лица од шест месеци до 4…

Апр 9, 2011

Фестивал на македонска храна и пијалоци во Перт

Во организација на Австралискиот огранок на Обединета Македонска Дијаспора во Перт, Австралија  за првпат се одржа фествивал на македонска храна и пијалоци.Еднодневниот фестивал беше посетен од неколку илјади студенти и како граѓани на Западна Австралија кои имаа можност да вкусат македонско вино, како и македонски кулинарски специјалитети.Во присуство на високи претставници на австралиската влада како и дипломатски претставници на повеќе странски држави, фестивалот свечено беше отворен од страна на парламентарецот и претседавачот на Западноавстралиско-Македонската парламентарна комисија за…

Апр 7, 2011

12 илјади совети за здравјето

Здравје значи грижа за себе, посветување време на превенција. Денеска на одбележувањето на Денот на здравјето се одлучивме да посветиме внимание токму на превенцијата. Низ Скопје поделивме 12 илјади практични пораки со 20 совети како со најмал напор да се подобри човековото здравје. Сакавме на ваков невообичаен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните дека за здравје е потребно мало внимание и следење на практични совети, изјави доктор академик Жан Митрев.Оваа активност е во согласност со светското мото за одбележување на денот – ако нема активност денес, нема ниту лек утре. Тоа се однесув…

Апр 5, 2011

Италијанската Влада понуди стипендии за македонски државјани

Владата на Италија за македонските државјани понуди 34 месеци стипенди за академската година 2011/2012.Стипендиите може да се побараат за курсеви за универзитетска специјализација, високо артистичко музичко образование, како и за курсеви по италијански јазик за универзитетски студенти, за доценти по италијански јазик и за дипломирани, информираат од Амбасадата на Република Италија.Дополнителни информации може да се добијат на интернет страницата http://borseonline.esteri.it/borseonline/it/index.asp.{loadposition content9}

Апр 4, 2011

Почина Доста Димовска

Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава.Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија.Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почна во 90-тите …

Мар 29, 2011

Бензините поевтинeа за два, а дизелот за денар по литар

Горивата, овој пат, поевтинуваат! Бензините за два, а дизелот за денар. Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика, следејќи го трендот на движење на нафтата на светските берзи, како и курсот на денарот во однос на доларот изминативе две недели.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E V) се намалува за денар и чини 69,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 0,50 денари и се продава за 58,5 денари по литар. Со одлуката на РКЕ за 0,334 денари по килограм поевти…

Мар 28, 2011

Цунами ќе ја уништи Македонија на 30-ти март?!

Виртуелниот земјотрес во Јадранското море, после кој ќе следи и разорно џунами ќе се случи на 30-ти март во 04:02 часот, ќе ги зафати сите екс-југосоловенски републики, освен Словенија и ќе усмрти десетина илјади луѓе, а зад себе ќе остави хаос и голема материјална штета.Иако на прв поглед изгледа дека станува збор за „несолена првоаприлска шега“, станува збор за интернет вежба на Центарот за истражување на државниот универзитет во Сан ДиегоВежбата наречена „X24 Europa“, ќе се спроведе за да се истражи моќта на социјалните медиуми и користење на ресурсите на интернет заедницата за време на …

Мар 26, 2011

Исклучете ги светилките за спас на нашата планета

Македонските граѓани масовно да ја поддржат Глобалната акција „Час за нашата планета“ („Earth hour“) со исклучување на светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање.Акцијата е на глобално ниво, односно се спроведува во сите земји во светот, почнува во 20 часот и 30 минути по локално време и ќе трае еден час. Со исклучувањето на светилките се покажува солидарност во борбата против климатските-промени.Покрај домаќинствата, во акцијата можат да се вклучат и останатите потрошувачи на електрична енергија кои работат во…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top