Апр 27, 2011

Втори мај-неработен ден

Втори мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Денот на трудот кој се одбележува на 1. мај, оваа година се паѓа во недела, па согласно Законот за празници, понеделник е неработен ден, односно 2 мај.Меѓународен празник „Денот на трудот“ кој се одбележува на првиот ден од месец мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.{loadposition content9}

Апр 26, 2011

Бензините поскапуваат за два денари

Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, додека цената на дизелот и екстралесното масло не се променува.Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 77,00 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе  се продава за 78,50 ден/лит.Согласно одлуката на регулаторите, цената на еуродизелот (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста, односно еуродизел ќе се продава по старата цена од 68,50 денари за лита…

Апр 26, 2011

Граѓаните можат да направат увид во Избирачкиот список

Граѓаните, почнувајќи од вчера па до 4. мај можат да направат увид во Избирачкиот список.Државната изборна комисија (ДИК), по завршувањето на јавниот увид, ќе го заклучи Избирачкиот список, со сите промени кои произлегле од увидот, најдоцна 10 дена по завршениот увид, односно до 14 мај.{loadposition content9}

Апр 25, 2011

Спомен куќата на Тоше Проески попладне свечено ќе се отвори

Во Крушево на Гумење, попладне свечено ќе биде отворена Спомен – куќата на Тоше Проески.На настанот ќе биде промовирана необјавена песна на Тоше.Песната “Крушево“, за која музиката ја напиша Тоше Проески, а текстот Мирослав Рус, премиерно ќе ја изведе познатиот актер Раде Шербеџија.Гитарските делови  во песната “Крушево“ ги сними Влатко Стефановски, со што и тој се приклучи во реализација на проектот.{loadposition content9}

Апр 23, 2011

Велика Сабота-свештен трепет пред Христовото воскресение

Христијаните денеска ја одбележуваат Велика Сабота, вториот ден на христијанската жалост, по Велики Петок – денот на распнувањето на крст и смртта на Исус Христос.Овој ден е свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и воскликот  „Христос воскресе“.Вечерва верниците одат  во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата.Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.Празникот на Христовото воскресени…

Апр 22, 2011

Велики петок-Ден на страдањата и смртта на Исус Христос

Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и пренесување на таканаречената бескрвна жртва се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“.Од тогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела кога првпат ќе се огласи радоста на Христовото воскресени…

Апр 21, 2011

Промовирана интернет страницата “Органска Македонија“

Министерството за земјоделство во соработка со Федерацијата на органски производители изработи специјализирана интернет страница за органско производство.Страницата  www.organicmacedonia.org.mk е алатка која ќе ги даде основните информации за органската храна и на полесен начин, непосредно или директно, ќе ги поврзе потрошувачите со фармерите.Страницата нуди информации за количествата и за местата каде можат да се купат органски производи.Македонија располага со 3.000 хекатри органски житарици, околу 1.000 хектари фуражни култури, 350 хектари овоштарници, 245 хектари лозови насади и 200 хек…

Апр 19, 2011

Македонците не се сметаат за дебели

Македонците се задоволни од својата телесна тежина, ручекот останува нивни главен оброк, а диети не практикуваат многу често, освен кога постат. Ова го покажува истражувањето за начинот на исхрана спроведено од ГФК Групацијата.Три четвртини од испитаниците изјавиле дека ручекот за нив претставува главен оброк во текот на работната недела, што претставува благ пораст во однос на истражувањето во 2009.Според ГФК, ова можеби се должи на се подинамичниот живот кај македонските граѓани како и на нивната амбиција за проевропски начин на живот, каде што фокусот е ставен на еден главен оброк во тек…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top