Министерството за внатрешни работи денеска ја започнува втораа фаза од оперативниот план за постапување на изборите односно збиднувањето и сите мерки и активности кои што се предвидени токму за осигурување на јавниот ред и мир на денот на гласањето, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.“Имено, МВР согласно претходно изготвениот план уште во шест часот сабајлево ги распореди полициските службеници на сите избирачки места на кои што на истите беше предвидено согласно плановите да ги обезбедуваат“, изјави Котески.Тој истакна дека најголемиот дел од избирачките места се покриваат со фиксно обе…
Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување.Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади од Меѓаши соопштуваат дека дошле до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно.“Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за деца и млади 0800 12222…
Претседателот Ѓорге Иванов денеска им порача на граѓаните на Република Македонија, в недела на парламентарните избори да гласаат на достоинствен начин, со што уште еднаш ќе се потврди нашата демократска зрелост и приврзаност кон евроатлантските вредности.- Оние кои во Ваше име, ќе треба да носат одлуки за тоа што Македонија ќе треба да го оствари, односно за што поскоро остварување на нашите стратешки цели. Во недела сета моќ е во вашите раце. Тоа е Ваш ден. Вие одлучувате, истакнува македонскиот претседател.{loadposition content9}
Во рок од 24 часа пред денот на одржување на изборите забрането е водење политичка кампања во која било форма. Предизборниот молк трае се’ до завршувањето на гласањето или затварањето на гласачките места.Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.Гласањето ќе почне во недела во седум часот а право да гласаат имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да гласаат се до 19 часот.За прв пат во Македонија ќе гласа и ди…
Четириесет и седум набљудувачи од парламентарното Собрание на ОБСЕ денеска пристигнуваат во Македонија.Роберто Батели од Словенија ќе ја предводи меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ за изборите на 5-ти јуни, соопштуваат од организацијата. За Батели, ова ќе биде петти изборен процес што го набљудува во Македонија.За следење на изборите досега се акредитирани и 7.341 домашни набљудувачи.МВР, пак, вчера заврши со дистрибуцијата на недоверливиот гласачки материјал, кутии, паравани и слично до општинските изборни организации. Во согласност со договорената агенда со ДИК, денеска ќе почне о…
Од Нова година до сега во Македонија нема влезено ниту една пратка краставици или друг свеж зеленчук од Шпанија, тврди директорот на Дирекцијата за безбедност на храна Дејан Рунтевски. Инспекторите од Дирекцијата вчера извршиле контрола на сите гранични премини и терминали, дали во земјава влегле камиони со зеленчук од Шпанија.”Зеленчукот кој се продава во земјава е безбеден. Поради масовното ширење на бактеријата предизвикана од шпанските краставици низ европските земји, ние ќе воведеме посебни мерки за проверка на секоја пратка со свеж зеленчук во земјава”, вели Рунтевски.Единствената заш…
Анализата на Светската здравствена организација, објавена по повод 31 мај – Светскиот ден против пушењето, предупредува дека доколку не се превзмат сериозни мерки, милијарда луѓе можат да умрат од употреба на тутун во текот на 21-от век.Според СЗО, во Македонија речиси 21% од сите смртни случаи на возраст меѓу 35 и 69 години се поради пушење. Истражувањата на СЗО покажуваат дека цигари запалиле 36% од 15-годишниците, 9% од 13-годишниците и 2% од 11-годишниците. Преваленцата на сегашни пушачи на цигари се зголемила од 7,7% во 2002 година на 9,8% во 2008 година.Преваленцата на пушење се зголе…
Центарот за иновации при Проектот на УСАИД за конкурентност ја лансираше првата мрежа на бизнис ангели во Македонија. Оваа мрежа претставува формална мрежа на „ангели“ инвеститори – претприемачи и богати поединци подготвени да инвестираат сопствени финансиски средства, знаење, вештини и социјален капитал во нови и иновативни бизнис идеи со потенцијал за висок раст.- Следејќи го примерот на многу земји, бизнис-ангелите се одличен начин за финансирање старт-ап бизниси, особено оние кои се ориентирани кон иновации, смета Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД. Овие ангели обезбедуваат фин…