Резултатите од досегашните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот се видливи и следува мирен период, кажа на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Постепено ќе започне враќање на функција на економските оператори со почитување на мерките за лична заштита. Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе научни критериуми кои во предвид ги зема и СЗО, кажа министерот. Комисијата за заразни болести изготви предлог план за постепено олабавување на рестриктивните мерки кое ќе се одвива во фази. „Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрит…
Денеска во вилата Водно претседателот на државата Стево Пендаровски му го предаде мандатот за состав на нова Влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Владејачкото мнозинство, составено од СДСМ, албанската Демократска унија за интеграција ДУИ и неколку помали партии, има 64 пратеници. Формирањето на новата Влада на Ковачевски е најавено за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.
Врз основа на член 84 став 1 алинеја прва од уставот на Република Северна Македонија и известувањето на предлогот за мандатар доставено од СДСМ, за мандатар, а поддржано од коалициските пар…
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.
– Скопје 3
– Неготино 2
Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на …
На сметките на 21.542 компании ќе легнат средствата од 14.500 денари по работник за исплата на априлската плата како резултат на владината уредба за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати за април.
Ова е резултат само од оваа антикризна мерка на Владата како поддршка на стопанството за ублажување и справување со последиците од коронакризата која е од значителна помош за компаниите кои беа први на удар на кризата и кои ги исполнија условите, односно покажаа загуби со закана за загуба на работни места.
Од вкупниот број на поднесени барања, 2.377 барања се од угостителскат…
Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Куманово 9
– Прилеп 2
– Велес 7
– Битола 1.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во…
Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника.
Тука ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба.
Од Министерството за здравство изразија огромна благодарност за досегашната успешна соработка со Embassy of Switzerland in North Macedonia и амбасадорката Сибил Зутер за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизвици.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (07/08.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале ме…
Исламската верска заедница донесе одлука верските објекти, џамиите, за верниците да ги отвори на 12 мај. Одлуката е донесена на вчерашниот вонреден состанок на Ријасетот, пренесува „Алсат-М“.
Џамиите беа затворени за верниците по воведувањето на мерките за превенција од ширење на вирусот Ковид-19 од страна на Владата.