Од оваа недела ќе се отворат затворените трговски центри, а наредната кафулињата и рестораните

 Од 25 мај пак ќе почнат со работа казината, автомат клубови, затворени спортски објекти, базени, теретаните и хотелите. Ова е предвидено со планот на Комисијата за заразни болести за намалување на рестриктивните мерки.

 |   | 


Резултатите од досегашните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот  се видливи и следува мирен период, кажа на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.  Постепено ќе започне враќање на функција на економските оператори со почитување на мерките за лична заштита. Намалувањето на мерките е врз основа на повеќе научни критериуми кои во предвид ги зема и СЗО, кажа министерот.  Комисијата за заразни болести изготви предлог план за постепено олабавување на рестриктивните мерки кое ќе се одвива во фази.

„Оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници, органи за управување и конференции, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност, и затворени трговски центри односно молови без угостителска дејност, како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас кои целосно ги подготвија капацитетите.“ – кажа министерот Филипче.

После следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори, потенцира министерот, следната недела предвидено е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, кафетерии и ресторани,  спортските тренинзи на отворено за колективни спортови. Од 25 мај пак ќе почнат со работа казината, автомат клубови, затворени спортски објекти, базени, теретаните и хотелите.

“Репродуктивниот број (R0) е помал од 1. Ова значи дека статистички 1 пациент заразува помалку од 1 пациент Здравствениот систем има капацитет да се справи со повторно појавување на нови случаи со КОВИД-19. 80% од случаите со КОВИД-19 имаат епидемиолошка поврзаност, што значи дека значително е намален бројот на нови кластери. Согласно параметрите на Светската здравствена организација епидемијата е под контрола и може да очекуваме стабилен период во летните месеци“, кажа Филипче.

Комисијата за заштита од заразни болести не разговарала дали да предложи скратување на полицискиот час, кажа министерот. Додаде дека прашањето останува да се дискутира и на владина седница.
Денеска се регистрирани 5 оздравени пациенти во Скопје и во Неготино. Потврдени се 10 нови случаи. На Клиниката за инфективни болести, за жал, има еден починат пациент од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top