Авг 3, 2011

Состојбата на граничните премини со Косово стабилна

Македонското МВР засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово, но ќе реагира ако има потреба.Минстервото за внатрешни работи засега ја оценува како стабилна состојбата на нашите гранични премини со Косово. Нема индиции дека може да има посериозни ризици, но подготвени сме да реагираме ако е потребно, изјави портпаролот Иво Котевски.Според зборовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажани викендов за косовските медиуми, ако се загрози суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово, никоj не може да гарантира мир во Македонија.Новите тензии меѓу Србија и…

Авг 1, 2011

Започнува муслиманскиот свет месец Рамазан

За верниците со исламска вероисповед денеска почнува муслиманскиот свет месец Рамазан, кога пророкот Мухамед го објавил Куранот.Рамазан е период во кој исламските верници се молат и постат од изгрејсонце до зајдисонце, апстинирајќи од секаков вид храна. Рамазан е месец на молитви и добри дела.Во текот на Рамазан припадниците на исламот треба да се чуваат од злодела и лоши мисли.Припадниците на исламот кои не можат да постат во текот на Рамазан, должни се да ги постат пропуштените денови, кога ќе имаат можност.Доколку во текот на Рамазан ненамерно се прекине постот, тој може да биде повторно…

Јул 29, 2011

Средба Нобл-Јанкуловска

Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Кенет Нобл, е во работна посета на Македонија.Тој денеска ќе се сретне со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски. Како што информираат од МВР, на средбите раководството на МВР и генералниот секретар  Кенет Нобл ќе разговараат на повеќе теми околу досегашната соработка меѓу двете институции.

Јул 29, 2011

Македонија ја доби новата влада

Со 70 гласови за, пратениците го поддржаа владиниот кабинет кој по трет пат го предводи премиерот Никола Груевски. Од присутните 117 пратеници, 47 гласаа против, а немаше воздржани. По свечените изјави, премиерот и министрите заминаа на свечен прием кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Новиот владин тим е составен од 15 министри од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во шест ресори остануваат исти министри – Гордана Јанкулоска за внатрешни работи, Зоран Ставрески за финансии, Елизабета Канческа-Милевска за култура, Миле Јанакиески за транспорт и врски, Иво Ивановски за информатичко општество и администрација и Љу…

Јул 28, 2011

„Св Илија“ се смилува над 85 осуденици

Како што соопштуваат од Кабинетот на Претседателот, од вкупниот број помилувани лица, 19 се целосно помилувани, а 66 се ослободуваат од извршувањето на казната затвор.

Јул 28, 2011

Македонија пред закана од пожари

Во Демир Капија, Свети Николе, Гевгелија, како и во валандовскиот, струмичкиот и во виничкиот регион денеска се очекува зголемена опасност од избивање на пожари, поради сончевото време и високите температури, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. Поради ова припадниците на територијалните противпожарни единици и подрачните  одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување со кризи ќе бидат на ниво на најголема мобилност во сите региони во државава. Со цел да се спречи евентуалното настанување на шумски пожари Координативното тело за заштита на шумите од пож…

Јул 27, 2011

Денес седница за избор на новата влада

На седницата за избор на новата влада, како што се предвидува во деловникот, мандатарот Никола Груевски треба да ја образложи програмата и предлогот за состав на Владата пред пратениците. Гласањето за избор на владата се врши по предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање. Изјаснувањето се врши по завршувањето на претресот, а најдоцна на полноќ.

Јул 27, 2011

A1 во стечај

Привремениот стечаен управник на А1 ТВ Ацо Петров во Основниот суд Скопје – 2 денеска предложи да се отвори стечајна постапка за телевизијата, бидејќи телевизијата има долг од околу 30 милиони евра од кои само 9,5 милиони евра кон УЈП, кој не е способна да го  плати.“А1 телевизија е неликвидна и ги исполнува условите за отворање на стечајна постапка“, вели Петров. Според него, на сметките на А1 ТВ има само 900.000 евра кои не се доволни да се наплатат долговите од околу 1.8 милијарди денари што ги има телевизијата. Во Законот за радиодифузна дејност член 62 стои дека доколку настапи стечај …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top