Ное 1, 2011

Македонците и со дупнати џебови, штедат

Расте штедењето- граѓаните и фирмите и во криза штедат, најмногу во денари. Банките евидентирале пораст на штедењето за 7,5% или за 178 милиони евра.,,Луѓето штедат, затоа што имаат верба во банкарскиот сектор и покрај финансиските случувања надвор, во Македонија расте штедењето, но не како минатата година,, вели претседателот на здружението за банкарство, Ѓорги Јанчевски.Вкупните штедни влогови изнесуваат 3,6 милијарди евра. Се штеди бидејќи денарот е стабилен, а банките се сигурни- уверува гувернерот Богов.,, Се зголемува довербата особено во денарско штедење, тоа е она што сакаме да го п…

Окт 29, 2011

Започнува зимското сметање на времето

Вечерва завршува летното и почнува зимското сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад. Летното сметање на времето во 2011 година завршува на 30 октомври во 3 часот со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад со што времето се смета како 2 часот.{loadposition content9}

Окт 28, 2011

Бугарски европратеници му се жалат на Фуле – македонскиот филм „Трето полувреме“ бил навредлив

Европратениците од Бугарија Евгениј Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илчев се пожалиле на еврокомесарот на проширување Штефан Фуле дека македонскиот филм шири историски манипулации кон Бугарија – пишува „novini.bg“.Тие дури ги повикале организациите кои го финансираат филмот да ја повлечат поддршката или да гарантираат „дека сценариото ќе биде променето така да не содржи историски манипулации кои поттикнуваат јазик на омраза меѓу соседни држави“.Без да наведат што во содржината на филмот ја предизвикало реакцијата, тие испратиле писмо до Филе во кое пишува:„ Очигледно повторно стануваме с…

Окт 27, 2011

Од утре казни до 3000 евра за објекти без фасада

Утре градежната инспекција излегува на терен, а казни од 100 до 3.000 евра ќе следуваат за сопственици на куќи и за инвеститори на згради и други објекти кои се без фасада. Овие одредби се дел од Законот за градење, донесен во 2009 година, но ќе почнат да се спроведуваат за два дена, бидејќи Владата даде рок од две години за прилагодување на новините.Градоначалниците најавуваат тивок бојкот на Законот за градење, кој налага казни до 3.000 евра за сопствениците на објекти кои немаат фасада. Дел од градоначалниците тврдат дека Законот е неприменлив, дел пак, воопшто не се информирани дека Зак…

Окт 24, 2011

Шпанските новинари пишуваат за Македонија

Најголем дел од ловориките на Мазура ги понесе Скопје, како град кој од руините на земјотресот го воскресна јапонскиот архитект Кензо Танге. Во написот Маузра зборува за Старата скопска чаршија, спомен куќата на Мајка Тереза но и  забрендираните продавници, на Зара и Спрингфилд. Крајот од текстот е резервиран за природните убавини и културното историско богатство на Охрид.  Презадоволен од она што го видел и доживеал за време на неговата посета на Македонија, Мазура вети дека преку своите написи  континуирано ќе ги запознава читателите, за неоткриените туристички потенцијали на нашата земја…

Окт 24, 2011

Oдбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Свечено одбележан 23 –октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комите…

Окт 21, 2011

Како да одредите кој оператор е најповолен за Вас?

Агенцијата за електронски комуникации изработи софтвер за Преглед на понуди чија цел ќе биде да ги заштити македонските корисници на телекомуникациски услуги. Според директорот на АЕК, Роберт Орданоски, благодарение на оваа услуга граѓаните сега ќе можат, со помош на унифицирани параметри и цени, на едно место, да го изберат пакетот на услуги од постоечките оператори, според средствата кои што ги имаат на расплагање.„Ја воведовме услугата Преглед на понуди бидејќи сакаме во целост да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги заштитиме од можните замки, скриени трошоци и нецелосни информац…

Окт 5, 2021

Двајца управители на „Радика Ресорт“ добија кривични пријави

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз. Пријавените во својство на управители во правниот субјект ДТТУ „Радика Ресорт“ ДООЕЛ увоз-извоз, во текот на 2017 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и правниот субјект „Радика Ресорт“ ДООЕЛ, во својство на инвеститори, без да обезбедат одобрение за градење и да платат комуналии, противправно започнале и извеле градеж…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top