Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија” беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург. -Наша цел е да ги прикажеме филмовите со коишто се гордееме – вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за филмски активности за време на данското претседателството со Европската унија. Фестивалот се организира по повод седмото претседателство на Кралството Данска со Европската унија и ќе трае четири дена, од 9-ти до 12-ти април. Македонските љубители на филмот ќе имаат можност да го доживеат данскиот филм со сета своја разно…
Советот на Општина Радовиш на вчерашната вонредна седница донесе одлука денешниот ден да се прогласи за ден на жалост заради трагично загинатите двајца алпинисти, Зоран Мајсторски (45) и Драган Станишков (20) членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш.
Тие ги загубија животите вчера напладне при чистење на високо недостапни силоси во рудникот „Бучим“ кај Радовиш.
Погребот на посмртните останки на двајцата алпинисти ќе се изврши денеска на гробиштата во Радовиш.
Инаку, синоќа Јавното обвинителство излезе со соопштение во кое меѓудругото се наведува дека според првичните сознанија…
Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија.Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците, постапно почнаа да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнаа да бледеат, а на површина излегуваше природната боја.Овој процес прво започна на фреската “Воведение на пресвета Богорoдица”, која што се наоѓа од десnата страна од влезот на црквата. Во текот на денот, природни бои почнаа да д…
Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата. Според истражувањето, од бившите југословенски републики кои биле дел од истражувањето, Словенија се наоѓа на 49 место, па следува Хрватска на 58 позиција, Србија и БиХ се далеку под нив, додека убедливо најлошо на Балканот котира соседна Бугарија, која е меѓу десетте најнесреќни држави.Нашиот јужен сосед, Грција иако е на работ на егзистенција се наоѓа на 42 место, додека Шпанија, во која секојдневно има протести, нереди и рекордна…
Членовите на Здружението на дипломирани криминалисти денес одржаа протести пред зградата на Владата на Република Македонија.
Причина за протестот, како што се вели во најавата, е непроменета состојба на невработеност на дипломираните криминалисти, кои студиите ги завршиле пред четири години Пред точно еден месец се обративме до Премиерот Никола Груевски да побараме средба и нагласивме дека доколку со него лично не ни биде одобрена средбата во рок од еден месец ќе протестираме пред Владата, истакна Андрија Рашиќ , претставник на Здружението.
{loadposition content9}
Министерот за надворешни работи на Унгарија Јанош Мартоњи денес и утре престојува во посета на Република Македонија.Министерот Мартоњи за време на посетата ќе се сретне со својот колега, Никола Попоски.Според соопштението од МНР, двајцата министри се очекува да разменат мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и да биде пренесено очекувањето за поддршка од унгарска страна во наредниот период, во насока на интегрирањето на Република Македонија во евроатланските структури.За време на посетата на министерот Мартоњи е предвидено и потпишување заедничката…
Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците.
-Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го спроведе обработувањето во саботит…
Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница.- Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Закупците кои ќе ги добијат плажите се должни до 1 јуни да исполнат неколку об…