Регионалните и локални телевизии, кои емитуваат програма преку оператори на електронска комуникациска мрежа, членки на Здружението Медиум Објектив со црн екран ќе го изразат своето незадоволство од oдлуката на Владата со која им се доделува финансиска помош за справување со кризата од Ковид 19 само на 5 национални и 6 регионални терестријални телевизии. Имено владата на 30ти мај донесе уредба за помош на национални и регионални телевизии кои имаат дозвола за емитување преку дигитален терестријален мултиплекс, со која Владата на овие телевизии ќе им го покрие годишниот трошок за 2020 …
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) упати апел до граѓаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.
Како што соопштувааат од МНР, апелот е поради одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучително и Македонија, за затворање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.
Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија – се вели во соопштението на МНР.
Исто т…
Сања Лукаревска ќе седне на местото на Радмила Шеќеринска како заменик претседател на Заев во владејачката СДСМ. Од вкупно 703 делегати Лукаревска која доажа на оваа позиција по предлог на Заев ја поддржаа 682 делегати, а само двајца гласаа против.
Избрани се и членовите на Централниот опдбор со 668 гласа на делегатите За и 6 против. Меѓу попознатите имиња од партијата ги спомнуваат Андријана Будимир, Ана Данева Марковска, Софија Пејкова, Нина Фити Неделковска.
Избран е и надзорниот одбор кој пак брои 9 члена Сепак, оставена е можност, во наредните четири години, ЦО да биде проширен со уш…
Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 59- Куманово 12- Штип 7- Прилеп 1- Тетово 5- Струга 6- Велес 1- Охрид 1- Кавадарци 1- Гостивар 3- Кочани 3- Пробиштип 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.
– Тетово 8- Велес 2…
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 585 прекршоци.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.
На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.
„Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од бо…
Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 35- Куманово 12- Штип 27- Прилеп 1- Тетово 7- Гостивар 1- Струмица 1- Кочани 4- Свети Николе 1
Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регис…
Владата ја донесе Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.
Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање на искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и и…