Родителите кои свесно ги злоупотребуваат своите деца за да питачат, ќе се соочат и со затворска казна. Со предлогот на новиот закон за семејство, по првата опомена следува постапка за одземање на родителското право, а доколку родителите и натаму ги тераат децата на питачење, ќе се соочат со казна затвор од една до десет години. Годинава во 23 случаи било одземено родителското право, а над илјада деца низ Македонија, секојдневно питачат. Строги казни ќе има и за социјалните работници.Ова се најновите измени во Законот за семејство, со кои се предвидуваат строги казни и за родителите, но и за…
Долгорочните прогнози на ECMWF (The European Centre for Medium-Range Weather Forecasts), со седиште во Рединг, Англија, досега се покажале како многу точни. Метеоролозите предупредуваат дека сѐ уште е премногу рано за да дадат прецизни прогнози за оваа зима, но еве ги заклучоците врз основа на податоците кои досега се собрани.Долгорочните временски прогнози велат дека оваа есен, кај нас и на целиот Балкан, ќе биде сончева, односно сите три есенски месеци ќе бидат надпросечно топли. Имаме уште една добра вест!Во зимските месеци температурите ќе бидат просечни, па зимата нема да биде ниту пре…
Се уште, предрасудите кон овие лица се големи, а неретко се случува да бидат одбиени и за здравствени услуги. Неинформираност и непознавање, за жал постои и кај здравствените работници.Луѓето инфицирани од ХИВ се плашат да проговорат, од многу причини. Ние се уште сме општество со предрасуди, па и оттука потекнува стравот од осуда и отфрлање од страна на околината. Стравуваат од губење на работното место.Подигнувањето на нивото на информираност и јавна свест за лицата со ХИВ како и елиминирање на предрасудите и дискриминацијата се главните цели на активностите кои под мотото „Да ги симнеме …
Пратениците на денешната 77 седница го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија. Маркудова доаѓа од одделот за организиран криминал во Основниот суд 1 -Скопје. Пратеникот Павле Трајанов го повлече Предлог-законот за заштита на сведоци.
Од Демократскиот сојуз појаснуваат дека причина е чувствителноста на материјата која се регулира со Законот за заштита на сведоци, како и потребата од дополнителни консултации. {loadposition content9}
Домашна визитаа е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илјади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Во Охрид и Дебрца медицинските сестри ќе посетат над 500 пациенти кои претходно беа пријавени за овој проект.Проектот, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лиц…
Годинашната акција за пошумување на Македонија ќе се одржи наредната недела, но уште не е одреден датумот за кој треба да одлучи Владата на Република Македонија.Денот на дрвото ќе се организира шестта година по ред и се очекува да бидат засадени околу 5 милиони садници. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, вели дека манифестацијата се одложува затоа што изминативе денови времето беше топло и несоодветно за садење.- Најверојатно акцијата ќе се одржи наредната недела, но Владата ќе го даде последниот збор. Планираме да засадиме дрва по планини и патишта, покр…
Германскиот весник Der Spiegel пишува дека на Македонија, поради изградбата и реализацијата на престижни проекти при реконструирањето на Скопје и се заканува колапс. Во текстот е наведено дека Скопје има нов споменик од Александар Македонски, кој чини 10,5 милиони евра.”Споменикот се издигнува на 30 метри во висина, а се наоѓа во самото срце на градот. Многу е автентичен, како репликата на Големиот канал во Лас Вегас. Блиску до тој споменик се наоѓаат и други јунаци од македонската историја. На другата страна на Вардар, на влезот на стариот град, се наоѓа споменик од Кралот Филип Втори, тат…
Родители велат дека во дневниците џабе постои графата за усна оценка бидејќи најчесто и таа е добиена со помош на писмени задачи. Педагозите, пак, предупредуваат дека ако наставниците с` почесто ја применуваат писмената проверка на знаењето за сметка на усната, ризикуваме да добиеме генерации што нема да знаат како јазично да се изразат.- Во ист ден минатата недела ќерка ми имаше три испрашувања. По сите предмети има само тестови. Вистинска реткост е кога ќе ми каже дека некој наставник ја испрашал за некоја лекција усно. Сум разговарала со наставниците, но тие велат дека немаат време да ги…