Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот.Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок.Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат дека нездравата животна …
Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.Се очекува до крајниот рок 31 март да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ. Како што информира директорот на ФЗОМ Џемали Мехази, лицата од овие категории…
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се очекува утре да ги распише изборите за шеф на државата, кои според првичните најави од владејачките партии треба да се одржат на 13 и 27 април. За евентуални предвремени избори заедно со претседателските владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе тактизираат до крајните законски рокови до кога може да се распушти Собранието доколку изборите би се одржале заедно со вториот круг за избор на претседател. Партиите на Никола Груевски и Али Ахмети го чекаат крајниот рок бидејќи с` уште нема договор меѓу нив и за предлогот на ДУИ за консензуален претседа…
Новата наставна програма од Кембриџ, по математика и природни науки за учениците во основните училишта, значи воведување на нов и сеуште несигурен систем на работа, а од друга страна и деградирање на домашните автори, стои на порталот „Fakulteti“.Македонија, велат има квалитетен кадар по математика и природно-технички науки чие знаење е многу ценето и платено надвор, а дома истото не се почитува, а уште помалку плаќа. Учениците од прво до трето одделение од идната учебна година ќе учат математика и запознавање на околината по наставните програми од Кембриџ. За дел од домашните автори кои до…
Поради појава на магла утринава воздушниот сообраќај се одвива со задоцнување, а намалена видливост има и на одредени патишта низ државата.На аеродромо „Александар Велики“ со задоцнување се реализирани утринските летови за Дортмуд и Загреб, додека откажани се летовите за и од Истанбул.Патниот сообраќај со намалена видливост до 50 метри се одвива на патните правци Тетово-Скопје, Велес-Штип, Неготино-Градско, Кула-Катланово и Катланово-Велес.На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива тековно, без забрани и ограничувања по претежно влажни коловози.Железничкиот сообраќај засе…
Во Македонија лекови на рецешт се пијат се повеќе, покажале анализите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), пишува „Утрински весник“.Меѓу десетте лекови кои најмногу се користат во земјава се „еналаприл“ – лек за крвен притисок, потоа „пентоксифилин“ за подобра циркулација, па „лизиноприл“, исто така за крвен притисок, потоа „дијазепам“, па „метформин“ за регулирање на метаболизамот, „диклофенак“ препарат против болка, „ранитидин“ за желудник итн.Анализата за употреба на лекови на рецепт во 2013 година, иако не е комплетно завршена, покажува дека бројот на реализирани рецепти нема да …
Осум компании од текстилната индустрија од Македонија во среда на деловна (Б2Б) средба со фирми од Северна Европа ќе ги презентираат своите производи и услуги во Копенхаген, Данска.Во четврток, македонските фирми ќе имаат можност да го посетат Меѓународниот саем за мода во Копенхаген кој е најголем саем од овој вид во Северна Европа, и се одржува помеѓу 3-ти јануари и 2-ри февруари, 2014. Саемот е на површина од 40,000м2 на кој безброј брендови ги изложуваат своите производи под еден кров.Компаниите кои ќе се претстават се: Албатрос, Еуросолид, Виеми, Алекс, Верамонд, Алзама, Линеа и АСМ. Н…
На 09.11.2021 во Полициската станица Чаир, социјална работничка во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – во својство на времен старател по службена должност, пријавила дека врз нивна штитеничка, 16-годишна малолетничка, била извршена обљуба.
Станува збор за родосквернавење од А.А. (24) инаку нејзин брат и тоа во неговиот дом во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.