Од денес започнува пререгистацијата на невработените и лицата со ниски примања

Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.

logo
лого

Сите невработени лица и лица со ниски примања од денеска треба да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги.

невработениСе очекува до крајниот рок 31 март да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.

Како што информира директорот на ФЗОМ Џемали Мехази, лицата од овие категории треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година.

Барањата може да ги поднесат во подрачните единици на ФЗОМ и во истурените шалтери сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари.

За тетовскиот регион, како втор по големи по Скопскиот, Мехази информираше дека подрачната единица ќе има продолжено работно време до 18 часот.

Пререгистрацијата, како што истакна, ќе продолжи и по 31 март 2014 година, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно од 1 април 2014 година до моментот на нивната регистрација или пререгистрација во Фондот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top