Ное 23, 2021

ЖЕНА СО ДВЕ ДЕЦА ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми.  Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“. Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел. Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија. Инаку, засега е познато дека 46 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во три часот утринава, сите патници се од Македонија, а пог…

Мар 25, 2014

Туберкулоза во затворите во Македонија

Минатата година во македонските затвори 8 случаи на туберкулоза регистрирани во затворите во Скопје во 2013, генерално туберкулозата се намалува.Кај осум затвореници во Идризово и Шутка лани е откриена туберколоза. Бројката е значително зголемена во однос на 2012 кога во казнено попправните установи во земјава имало само еден заболен.Сите новозаболени се под лекарски надзор и примаат соодветна терапија. Повеќето се откриени со скринингот со флуоробусот кој почна да се користи пред една година.Инаку бројот на заболени од туберколоза во земјава бележи пад. Минатата година имало 323 нови случа…

Мар 24, 2014

Почнува кампањата за претседателските избори

Денеска започнува дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 март. Четворицата кандидати за претседателската функција ќе ја бараат довербата на граѓаните.Во првиот круг силите ќе ги одмерат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Ѓорѓе Иванов кој ја има поддршката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илијаз Халими зад кој застана ДПА и Зоран Поповски номиниран од партијата „Гром”.Пендаровски кампањата ја почнува од Скопје, Иванов тргнува од Охрид, Халими ќе се претстави на промотивниот митинг во Чаир, а Поповски стартува од Лептокарија во општина Карпош.Претседателската кампања ќ…

Мар 21, 2014

Денес се одбележува Денот на лицата со Даунов синдром

Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка (февруари 2005 година). Во САД, Народното Даунов синдром општество обележува Даунов синдром Месец секој октомври како “ форум за отфрлање на стереотипите, обезбедување на точни информации и подигнување на свеста и потенцијалот на индивидуата, со Даунов синдром” , а во Јужна Африка, денот на Даунов синдром се одржува на секој 20-ти октомври.  Организациите како Специјална олимпијада од Хаваи обезб…

Мар 20, 2014

Претседателските кандидати со чисти досиеја

Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти.Комисијата за лустрација потврдила дека нивните досиеја се чисти и за тоа ја информирала Државната изборна комисија.Законот предвоидува дека кандидатите за сите видови избори мора да ја поминат лустрациската проверка за да се утврди дали некој од нив соработувал со тајните служби или издавал наредби за следење на политички неистомисленици.Уште поголема работа ги чека лустраторите за неколку недели, кога …

Мар 20, 2014

Пари за покривање на штетите од елементарни непогоди, после изборите

По изборите ќе започне обесштетувањето на граѓаните кои претрпеа материјални штети во 19-те елементарни непогоди од 2010 до 2013 година.Милион и двеста илјади евра одвои Владата  за обесштетување на граѓаните ќио претрпеа материјална штета во реигстрираните 19 елементарни непогоди кои за зафатија нашата земја во периодото од 201-0-2013 та година.Земјоделците ќе бидат обесштетени од силниот град во Дебарца во јули минатата година, за поплавите во февруари лани во Свети Николе, Штип, Василево и Радовиш, за невреме во Гази Баба во јуни.Дел од средствата ќе бидат наменети и за покравиње на штет…

Мар 20, 2014

NASA Space Apps Challenge 2014 во Македонија

NASA Space Apps Challenge 2014 во Македонија ќе се одржи во Скопје на 11 април.Интернационалниот настан “NASA Space Apps Challenge” е дводневен хакатон за време на кој тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.Настанот опфаќа колаборативно решавање на проблеми со главна цел, да произведе релевантни “open-source” решенија кои што ќе ги подобрат истражувачките вселенски мисии и ќе го подобрат животот на земјата.Spa…

Мар 20, 2014

Барањата за азил ќе се решаваат за самo седум дена

Со измените на законот кој ги регулира прашањата за азилантите, а кои Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ги подготвува деновиве, ќе биде ставен крај на лажните азиланти што доаѓаат од балканските држави. Како што пренесува “Дојче веле”, процедурата е проста. Македонија и останатите балкански земји ќе бидат декларирани во листата “земји на сигурно потекло”, со што барањата за азил ќе се решаваат во куса постапка за само седум дена.Тоа, според законските измени , ќе се оствари со едноставно колективно категоризирање на сите баратели на азил од Балканот, како бар…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top