Пеколни лета и благи зими кои директно ќе влијаат на водните ресурси – вакви ќе бидат ефектите од климатските промени во земјава, предупредуваат експертите. Во проекциите направени за нашата земја, проценето е дека во периодот 2025-2100 година ќе дојде до континуирано зголемување на просечната годишна температура особено во летниот период од годината. Ќе има и екстремни пикови на високи температури и долги периоди на т.н. топли бранови со континуиран број на денови над 40 степени, сметаат добро упатените.Според проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје и професор на Медицинск…
Министерството за внатрешни работи, денеска отпочна со реализација на Оперативната обработка „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Со отпочнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови.За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални докази против крим…
За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица.Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена работа во странство нема да …
На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести.Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата трае 10 – 11 дена без…
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акција под оперативно име “Тера“ со цел лишување од слобода на вкупно седум лица кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието, при што до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.А.Ш.(71) од с. Блаце-Скопјеи Б.Ш.(38) с. Блаце-Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“, Д.А.(45) од Скопје, одговорно лице…
Остри критики, коментари на поддржувачи на одредени политички партии, честопати и вулгарни статуси, кои во изборен период добиваат политичко-етничка димензија. Социјалните мрежи, велат експертите стануваат мегдан за слободно “препукување”. Овде е, велат, полесно честопати под превезот на анонимноста, да се “отвори” душата па да се каже сè в лице.Омразата според експертите, без разлика дали истата е од политички, етнички, или кој било друг општествен мотив не треба да биде гледана како слобода на говор, туку како криминал. Но, како да се искорени?Социјалните мрежи, според Дејан Георгиевски, …
Легендарната глумица почина пред нејзиниот 90-ти роденден. Бошкова беше театарска, телевизиска и филмска актерка.Мери Бошкова е родена во Битола на 2 мај 1924 година. Таа ја играла насловната улога во првиот македонски долгометражен игран филм „Фросина“ (1952) на режисерот Воја Нановиќ, како и во првата македонска филмска комедија „Мирно лето“ (1961), во режија на Димитрие Османли.Добитничка е на најголемите признанија во нејзината богата актерска кариера: Стериината награда за ликот на мадам Дибоа („Еригон“ – од Јордан Плевнеш), како и голем број на високи сојузни и републички признанија -…
Здружението на македонски заедници од Австралија утре во Скопје ќе одржи конференција за печатот на која ќе информира за најновата тужба која владиката Петар ја поднесе против 891 член на црковната општина Света Петка од Сиднеј, „со цел да ги протера од членство за да ги приграби имотите и парите на општината“.Здружението поднело и барање до Синодот на МПЦ за да конечно се стави крај на тужбите за приграбување на имоти кои станаа главна активност на македонската црква во Австралија од 1996 наваму. Синодот ќе се состане во четврток.Адвокатот на владиката Петар испратил писмо до 897 членови н…