Политичко-етничката димензија на социјалните мрежи

Остри критики, коментари на поддржувачи на одредени политички партии, честопати и вулгарни статуси, кои во изборен период добиваат политичко-етничка димензија.

logo
лого

Остри критики, коментари на поддржувачи на одредени политички партии, честопати и вулгарни статуси, кои во изборен период добиваат политичко-етничка димензија.

графикСоцијалните мрежи, велат експертите стануваат мегдан за слободно “препукување”. Овде е, велат, полесно честопати под превезот на анонимноста, да се “отвори” душата па да се каже сè в лице.

Омразата според експертите, без разлика дали истата е од политички, етнички, или кој било друг општествен мотив не треба да биде гледана како слобода на говор, туку како криминал. Но, како да се искорени?

Социјалните мрежи, според Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми, станаа вентил преку кој луѓето изразуваат ставови кои не сакаат или не би можеле да ги изнесат преку традиционалните медиуми. Секако тука, според него, придонесува фактот што традиционалните медиуми не промовираат дебата за значајните прашања од интерес за јавноста и за општеството во целина и се повеќе стануваат преносители на идеолошки или пропагандистички пораки, односно не им даваат простор на оние што мислат поинаку или не се согласуваат со носечката порака.

Повеќето експерти кои работат на ова поле укажуваат дека кај нас, покрај на основа на етничко или национално потекло, специфично се шири говор на омраза врз основ на социјален статус, идеолошка или партиска припадност или симпатии, како на родова основа или врз основ на сексуална ориентација. Се појавуваат и комбинации со географскиот аспект, на пример стереотипизирање и дискриминација врз основ на место на живеење, студирање.

Во време на избори според експертската јавност, настанува дополнителна поларизација поради зголеменото ниво на пропаганда, а младите и децата се честа жртва на ваквите обиди на влијание, кои ги усвојуваат и имитираат тие начини на однесување, чиј краен резултат е градење став дека насилството и омразата се нормална работа и дел од „решението“ за низа општествени проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top