На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга.Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа “Танец” и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија. Ова го најави Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцирајќи дека со орото ќе се означи стартот на новата туристичка сезона во Македонија.-Истовремено, ќе се одбележи и јубилејот 65 години од Националната установа “Танец” и илјада годин…
До четиринаесетти овој месец, во нашата земја трае „Саемот на книгата“, една од најзначајните културни манифестации во земјата, која обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.26-тиот, по ред Саем на книгата 2014 несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното твор…
Во Македонија минатата година починале 229 доенчиња, со што е надминат бројот на умрени доенчиња во однос на претходната година кога државата се најде на врвот на ТОП листата на Еуростат со 212 починати бебиња. Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика стапката на умрени новороденчиња се искачи на 9,9 на 1000 жители, а просекот во Европа изнесува шест починати на 1000 жители.Со ова Македонија може повторно да биде рекордер по бројот на умрени доенчиња во Европа. Само во последното тромесечје од минатата година починале 72 доенчиња. Во третото тромесечје починале 52 доенчиња…
Нелегални продавачи на плински боци ги манипулираат граѓаните. Лажно се претставуваат дека се партнери со Макпетрол , а за услугата – минимално наплаќаат . 24 Вести стапи во контакт со еден од овие препродавачи – транспортот , монтирањето и боцата ќе не чинело само 20 денари поскапо отколку самите да си го купиме од легалните продавачи.Од Макпетрол која е лиценциран дистрибутер за гас велат дека никогаш не соработувале со никого. Тврдат дека на терен се повеќе има диви продавачи. Предупредуваат дека тие плински боци можат да бидат половично наполнети или пак со технички поминат рок.Од Мак…
На 9-ти април далечната 1873 година од Солун во Велес пристигна првиот воз. Од тој ден 9-ти Април е прогласен за ден на македонските железничари.Во летото 1916 почнува со изградба линијата Ханриево – Охрид преку тетово, Гостивар, Кичево со крак према Струга и Ташмаруништа но пругата е теснолинејка или наречена „пампур“ или „чајниче“. Во 1923 се поврзува пругата Генерал Ханрис (денешно Ѓорче Петров) – Охрид со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до „Мала станица“.Во 1937 година почнува изградбата на новата железничка станица во Скопје која трае 3 години. Во тоа време станица…
Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија. КРАТОК ИСТОРИЈАТ ЗА РОМИТЕ Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Е…
Денес, 7 април 2014 година, во Центарот за поддршка на обуката (ЦПО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-10“. На чинот на свеченото отварање присуствуваа Заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Мухамет Рацај и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски. На отварањето обраќајќи се пред учесниците на вежбата бригадниот генерал Мухамет Рацај истакна дека претстојната вежба претставува одлична можност за изведување на колективна обука на единиците како форма за усвојување на НАТО стандардите, но и за ус…
Денес, во Брисел се одржаа редовните ПАРП мултилатерални консултации помеѓу Политичко-партнерскиот комитет на НАТО и Република Македонија на кои присуствуваше и државниот секретар во Министерството за одбрана г-дин м-р Сашо Стефаноски. На состанокот предмет на разгледување беше новиот пакет Партнерски цели 2014 и анализа на постигнатиот напредок во развојот на системот за одбрана на Република Македонија. „Република Македонија континуирано е посветена на долгорочниот придонес во регионалната и Евроатлантската безбедност. Нашата земја дава исклучително висок придонес во меѓународните операции…