Мај 9, 2014

Во кои бањи се „попарија“ пензионерите

Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари. ФЗОМ ги задолжи Катлановска бања и бањите Дебарски – Цапа и Цар Самоил – банско да им ги врати парите на граѓаните во рок од три месеца.При извршена контрола на бањите кои имаат склучено договор со ФЗОМ, во април годинава, биле констатирани фрапантни неправилности во три од четирите контролирани бањи, односно злоупотреба на средствата на осигурениците во делот на наплата на допол…

Мај 8, 2014

Потврдите за упис на децата во училиште, ќе се издаваат бесплатно

Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење.Потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.при здравствениот дом.Овие потврди се бесплатни и ги издава исклучиво докторот кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните лекари.{loadposit…

Мај 8, 2014

За првпат во Македонија се воведува водич за исхрана на населението

Засега изготвена е нацрт-верзија која  ја презентираше министерот за здравство, Никола Тодоров, со можност истата да се дополнува и надградува.Целта на овој водич е подобрување на здравјето на нацијата, со оглед на зголемените здравствени ризици со кои се соочува македонското население.Причина за ова, според министерот, е несоодветната исхрана и недоволната физичка активност кај луѓето, а ова се потврдува и со бројките кои говорат дека над 60,5 проценти од мажите и 47,8 % од жените во Македонија над 20 години имаат зголемена телесна тежина.Загрижува и фактот дека една третина од децата на 6…

Мај 8, 2014

Од Скопје до Солун и назад со воз, за само 19,5 евра

Грчкиот патнички воз „Хелас” од сабота повторно ќе ја воспостави железничката врска меѓу Солун, Скопје и Белград. Токму пругата Скопје-Солун била првата јавна железница во Македонија.Цената во еден правец е 12,2 евра, а повратниот билет ќе чини 19,50 евра. Од 10 мај до 10 јуни за сите патници следува попуст од 30 % на овие цени.Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5,15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11,16 часот локално време. Истовремено грчките железници отвораат и железничка линија Солун-Софија-Солун. Од Солун возот ќе тргнува во 15,52 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 19,5…

Мај 7, 2014

СДСМ не ги подигна уверенијата за пратенички места

Опозициската СДСМ денеска не се појави во Државната изборна комисија за да ги подигне уверенијата за пратенички места.Пратениците на опозицијата требаше во 11 часот лично од ДИК да ги земат мандатите, но никој од нив не се појави по најавата дека ќе ги вратат пратеничките мандати.Во Државната изборна комисија не се присутни ниту претседателот Никола Рилковски, ниту претставникот нивни во Комисијата, Виолета Дума.При врачувањето на пратеничките мандати Имер Алиу од ДПА одби да се ракува со потпретседателот Супхи Јакупи и обвини за изборен фалсификат во Чаир.Пратеничките мандати ги земаа и пр…

Мај 7, 2014

Кој сака, а кој не решение на спорот за името?

Грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по средбите со посредникот Метју Нимиц и македонскиот колега Зоран Јолевски, за грчките медиуми изјавил дека „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година”.Василакис во изјава за грчката агенција ANA-MPA додал дека нема разлики во позициите на Македонија. Посредникот Метју Нимиц по заедничката средба во вторникот во Њујорк ги повика двете страни „сериозно да размислат дали постојат нови начини за решавање на спорот”.Нимиц исто така најави интензивирање на процесот за време н…

Мај 6, 2014

Тим на ММФ во контрола за надворешната одржливост на земјата

Тим на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предводен од Ивана Владкова Хопар од денеска па сè до 19 мај ќе престојува во посета на Република Македонија со цел да ги анализираат економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста за навремено сервисирање на обврските. Консултациите по членот 4 од оваа програма се редовна проверка која се врши кај сите земји членки што се приклучуваат на ММФ.Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки кои имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.По двонеделните разговори ќе се из…

Мај 6, 2014

Социјалните мрежи, место каде најмногу се злоупотребуваат личните податоци

Поплаките растат, а социјалните мрежи остануваат број еден причина за жалбите за злоупотреба на личните податоци во Македонија. Со по барем 5% од вкупниот број претставки до надлежната Дирекција, значителен број на граѓани или фирми се пожалиле и на државните органи, телекомуникацискиот сектор но и медумите.Според директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеоѓиевски, растот на поплаките не се должи на негативни, туку позитивни трендови.Заштитата на личните податоци е тема на дводневниот состанок во Скопје на Меѓународната група формирана по ова прашање. Според Питер …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top