Мај 18, 2015

Заев – украдените пари ќе им се вратат на граѓаните

Слободни и еднакви граѓани, плати кои ќе обезбедуваат пристоен живот, ефикасно јавно здравство и образование, преиспитување на спорните судски пресуди и враќање на украдените пари на државата и граѓаните. Ова се дел од ветувањата на коишто ги најави лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, пред граѓаните на граѓанскиот протест пред Владата. Во дел од своето обраќање Заев излезе со конкретни предлози и ветувања до граѓаните коишто се, како што рече, начела по кои се води опозицијата.„Македонија ќе биде пример на социјална држава којашто ќе се грижи за сите категории граѓани. Социјалната за…

Мај 18, 2015

Четиричасовен протест пред владата

Колони автобуси комби возила и автомобили. Ваква беше сликата вчера на влезовите во Скопје. Илјадници граѓани пристигнуваа за да присуствуваат на големиот протест. Колони луѓе по улиците пак се собираа на неколку пунктови низ градот. Револтирани се од како што велат криминалното владеење на Груевски.Протестот го поддржа и Студентскиот пленум и повеќе граѓански здруженија.Владата беше централното место за собир на илјадниците граѓани. Говорите на актери студенти и познати личности се следеа дури и од балкони.  А токму таму се стационирале и странските новинарски екипи.Дел од граѓите кои  при…

Мај 16, 2015

Студентскиот пленум ќе маршира за права и слобода

Студентскиот пленум преку Фејсбук ги повика сите студенти утре да маршираат и да го изразат својот револт. Во дописот се вели: “Драги колеги и колешки,Студентскиот пленум не застана во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Перцепцијата дека во оваа држава студентските барања би биле слушнати во најмала рака е наивна. Ни треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопшто да можеме да се надеваме дека некогаш студентите во оваа држава ќе бидат задоволени.„Ни треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопш…

Мај 16, 2015

Опозицијата ќе остане пред владата и по протестот

На прес конференцијата на која ја објави 32-та бомба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека се подготвени да останат пред владата и по завршување на протестот закажан за 17 мај, сѐ додека премиерот Никола Груевски не даде оставка.„Околу 4.600 активисти самоиницијативно одлучија да ја информираат опозицијата дека сакаат да спијат пред владата и во континуитет да продолжи протестот. Знаејќи дека не сме единствени организатори на овој протест, одлуката е остануваме до крај, додека Груевски не даде оставка. Ќе ги обезбедиме потребни ресурси согласно нашите можности и тоа продолжување да биде…

Јан 27, 2022

Писмо со закани од терористичка организација добил Јовески

Закани по живот добил јавниот обвинител Љубомир Јовески поради кривичен предмет кој бил завршен во декември 2021 година. Заканата, која била испратена преку препорачана пратка била од „терористичка организација која се бори и убива за неправда“. Заканата била напишана на два јазика, македонски и англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена, бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува …

Мај 15, 2015

Средношколците се враќаат на настава

Средошколците одлучија да го прекинат капмувањето во паркот спроти Министерството за образование и наука и од понеделник да се вратат на настава, пишува „Телма“.Порачаа дека тоа го прават поради неразумноста на МОН, но и заради тоа што од безбедносни причини повеќе не можат да спијат на улица. Меѓу причините зошто се одлучиле на ваков чекор велат, е и неможноста да се донесе нов закон до крајот на оваа учебна година. Кампувањето на средношколците траеше повеќе од две недели.  

Мај 15, 2015

Реакција на Хелсиншки: Постои селективна правда за демостранти во Македонија

Според информациите на Хелсиншкиот комитет, од уапсените 12 лица се во притвор, едно лице е во куќен притвор, едно лице е во бегство, а за три лица се чека да бидат изведени пред судија на претходна постапка кој ќе одлучува дали ќе им определи притвор. Меѓу притворените има седум студенти, од кои две лица се претставници на Студентскиот пленум. „Казната за ова кривично дело е од 3 месеци до 3 години, поради што се смета за полесно кривично дело, за кое во принцип не треба да биде определена мерката притвор, туку треба да бидат искористени останатите алтернативни мерки кои стојат на распола…

Мај 15, 2015

Засилено полициско обезбедување на општината и полициската станица во Куманово

Главните сообраќајници во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово, пренесува„Телма“.Во текот на ноќта пред истекот на работното време биле затворени угоистителските објекти и кафулињата, а на луѓето им било кажано од страна на полицијата да си заминат дома без при тоа да им дадат некое образложение.Според информациите на репортерот на „Телма“ Павле Беловски полицијата ги обезбедува зградите на полицијата и на општината. Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top