Студентскиот пленум ќе маршира за права и слобода

Студентскиот пленум за утре ги повика сите студенти на марш

 |  инфодеск  | 

Студентскиот пленум преку Фејсбук ги повика сите студенти утре да маршираат и да го изразат својот револт. Во дописот се вели:

“Драги колеги и колешки,
Студентскиот пленум не застана во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Перцепцијата дека во оваа држава студентските барања би биле слушнати во најмала рака е наивна. Ни треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопшто да можеме да се надеваме дека некогаш студентите во оваа држава ќе бидат задоволени.

„Ни треба плодна почва за да можеме да ги изреализираме студентските барања и за воопшто да можеме да се надеваме дека некогаш студентите во оваа држава ќе бидат задоволени.Владата се осмели да ни застане на патот, да нè спречи во нашата борба преку покажување на сила врз нас, а воедно и да уапси наши колеги само затоа што го користеа своето уставно загарантирано право на протест и искажување на својот став. Затоа, студентите ќе потврдат дека студентската сила е непобедлива и студентскиот дух непокорлив. Студентскиот интелект е моќ која ниедна влада не сака да ја има против себе. Недемократскиот, нетранспарентниот и одвратниот однос со кој секојдневно се соочуваме нè натера да се насочиме кон подобрување на општеството и проширување на борбата на Студентскиот пленум. Склопот на информираност, интелект, аналитика, време, енергија, дух и искреност е нешто со што ќе треба да се соочи Владата на Република Македонија“, се вели во дописот на Студентскиот пленум.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top