По 12 часа преговори Груевски и Заев не успеаја да ги приближат ставовите.Не се знае дали ќе има нови преговори, за сега таква средба не е закажана, информира Телма.Груевски пред малку даде изјва во која го обвини Заев за пропаднатите преговори и дека тој се плаши да излезе на избори и се плаши од соочување со народот. „Сака да ги одврати инвеститорите и да ја држи државата во постојана криза“, рече Груевски за Заев.Опозицискиот табор информира дека Груевски не сакал да се договори за преодна влада и за условите за кои се дискутирало. За што пак Груевски рече дека е шпекулација и дека ако б…
Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат од утре до 19 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19 јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот.Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.ДИЦ соопшти дека Државната матура ќе се имплементира согласно со досе…
Денес во Брисел, ќе се одржи нова рунда разговори помеѓу претставници на власта и опозицијата во Македонија околу надминување на длабоката политичка криза во земјата.На средбата што ќе се одржи со посредство на еврокомесарот за проширување на унијата Јоханес Хан, учество ќе земат делегации на владејачката ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот и премиер Никола Груевски, на опозициската СДСМ на чело со лидерот Зоран Заев, како и на ДУИ и ДПА. На средбата како што е најавено, ќе присуствуваат и амбасадорот на САД во Македонија Џес Беји и евроамбасадорот Оли Рен.Се очекува на средбата да биде пости…
Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор дека е можно да биде одземена п…
Работодавачите и синдикатите разговараат за регресот за годишен одмор, токму една година од неговото применување.Работодавачите предлагаат износот на К-15 и начинот на неговото исплаќање да не се договара на државно ниво, туку тоа да го прават гранковите синдикати и работодавачите или компаниите и синдикатот на ниво на компанија. Предлогот на организацијата на работодавачи е исплатата на К-15 да биде доброволна, а прифатлив е и договорот на ниво на компанија. Синдикатите пак велат дека ќе го бранат регресот за одмор и не го прифаќаат неговото укинување. Според ССМ, може да се преговара само…
Руската амбасада во Скопје се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина.
Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава во целост ги поддржува напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување на случувањата со Украина. Министерката Петровска рече дека поставувањето на вооружените сили на границите од Русија е провокативно и дес…
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека денес, 8- ми јуни, понеделник, поради изведување градежни работи- минирање, ќе има едночасовен прекин на сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани.Прекинот ќе биде во периодот од 15 до 16 часот.
19 млади дипломирани инженери од техничките факултети го добија ласкавото признание „Инженерски прстен 2015та“. По дванаесетти пат, традиционално на Плаошник, ова високо признание на најдобрите студенти им беше доделено од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Претседателот во своето обраќање до студентите рече дека од нив очекува да се фрлат во динамичните води на технолошкиот напредок и да не се плашат од предизвиците.
„Немојте да се задоволувате со безбедноста на базенот или пријатноста на езерото, наместо тоа храбро запловете во океанот на инженерството, на технологијата…