Преговорите во ќорсокак!

По 12 часа преговори Груевски и Заев не успеаја да ги приближат ставовите.

lideri

По 12 часа преговори Груевски и Заев не успеаја да ги приближат ставовите.

Не се знае дали ќе има нови преговори, за сега таква средба не е закажана, информира Телма.

Груевски пред малку даде изјва во која го обвини Заев за пропаднатите преговори и дека тој се плаши да излезе на избори и се плаши од соочување со народот.

lider„Сака да ги одврати инвеститорите и да ја држи државата во постојана криза“, рече Груевски за Заев.

Опозицискиот табор информира дека Груевски не сакал да се договори за преодна влада и за условите за кои се дискутирало. За што пак Груевски рече дека е шпекулација и дека ако било така ќе се постигнело договор, туку тоа е само изговор.

Според информациите, Европската Комисија жали поради пропаднатите преговори денеска. Тие сметаат дека преговорите не се целосно пропаднати и дека ќе може да продолжат. Ги повикаа итно двете страни врз основа на дговорот од 2 јуни да ги приближат позициите и ЕК ќе биде тука во секое време да им помогне.

Сега треба да се види како ќе се постави ЕУ, дали ќе треба да се праќа специјален претставник во Македонија, како што се шпекулираше пред 10 дена.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top