Сеп 15, 2015

Договорен закон и специјален јавен обвинител

Катица Јанева, обвинителка од Гевгелија, ќе биде специјален јавен обвинител, што ќе ги расчистува случаите „Пуч“ и „Прислушување“, се договорија претставниците на четирите партии по долгите преговори што траеја до раните утрински часови.По повеќе од 15 часа работната група под силен меѓународен притисок од амбасадорите Орав и Бејли, како и посредникот Ванхауте ги договорија измените на законот за јавен обвинител и ги прецизираа сите детали. Неофицијално на состанокот ноќеска присутни биле и лидерите на СДМС Зоран Заев и на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.Во преговарачките тимови во Клубот на пра…

Сеп 11, 2015

Со измени на закон, бесплатно in vitro

Вчера Владата на Република Македонија поминаа Предлог измените за Законот за здравствено осигурување, со што на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно Ин витро оплодување за трето и четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски.-Со измените на Законот, како што објави премиерот се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните кои што ќе добијат право да остварат Ин витро постапка, со што ги ослободуваме од плаќање на шест илјади денари. Ова ќе важи за сите оние лица кои што ќе се обидат да добијат дете по пат на Ин витр…

Сеп 9, 2015

Хан доаѓа за изборот на Специјалниот јавен обвинител?

Уште неколку дена изминува рокот до 15 септември да се избере специјалниот јавен обвинител, кој, како обврска од договорот од Пржино за надминување на политичката криза, треба да ја испита аферата со прислушувањето и индициите за криминал од таканаречените „бомби“, пишува „Фокус“.Поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се далеку од договор околку позицијата и надлежностите на овој обвинител, се очекува надворешен притисок.Три дена по истекот на рокот, во земјава доаѓа еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.  

Сеп 8, 2015

24 години независна Македонија

Уште еднаш,  8-ми септември е потсетување дека на овој ден пред 24 години Република Македонија се стекна со независност на еден дел од својата етничка територија и само за еден дел од македонскиот народ.- Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија.Со овие зборови пред 15 години тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои спонтано се собираа на плоштадот Македонија за да го прослават успешно спроведениот референдум на кој македон…

Сеп 7, 2015

Кој земал мито за телеком?

Деновиве кружи на интернет а за кој дел од медиумите тврдат дека е сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски за аферата Маџар Телеком, пренесува „Телма“.На 166 страници се испишани низа обвинувања во кои се посочени тројца високи функционери на владеачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ од 2005 година. Разоткрива  дека земале мито од пет милиони евра за да го заштитат монополот на Телекомот. Детално ги опишува сите операции и активностите во кои тој учествувал како посредник, а бил ангажиран од контроверзнот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.Откако дел од медиумите веќе го објавија им…

Сеп 4, 2015

Со кои лекови најмногу се „трујат“ македонците

На листата меѓу десетте најчесто користени се и лековите за регулирање на шеќерот во крвта, како и намалувањето на маснотиите, покажува последната анализа на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).Како што истакна денеска на прес-конференција директорот Сашо Стефаноски, поради ваквата состојба, покрај обезбедувањето доволна количина лекови, нивна достапност и рационално користење, приоритет на Фондот ќе биде и едукација на граѓаните преку работа со матичните лекари и другите надлежни за превентивно делување и навремено откривање на болестите што би требало да го намали користењето на леко…

Сеп 2, 2015

Повторно бесплатна бања за пензионерите

Следната година дополнителни 5.500 пензионери ќе заминат на бесплатна бања, а 3.000 на бесплатен викенд со проектите на Владата која ги покрива трошоците за таа намена, најави премиерот Никола Груевски.Со владиниот проект за бесплатна бања, кој почна во 2010 година, како што информира Груевски, досега ваква услуга добиле 32.000 пензионери.- Колку што можам да видам од средбите со нив, но и од прашалниците што ги пополнуваат тие се презадоволни. Оваа година дополнителни 2.400 лица ќе заминат бесплатно во бања, а проектот ќе продолжи веќе следната година со нови 5.500 затоа ќе го продолжиме о…

Сеп 1, 2015

Стартува новата учебна година

Учебната година денес започна за речиси 270.000 основци и средношколци, од кои 20.212 се првачиња. Во средните училишта настава ќе посетуваат околу 81.000 ученици.Бројките не се конечни бидејќи во некои училишта каде што има слободни места вчера завршува уписот, информаираат од Министерството за образование.И годинашните матуранти ќе полагаат по стариот концепт. Измените на законот за средно образование се одложени за следниот септември, иако првично беше најавено дека конечниот концепт ќе биде дефиниран со стартот на новата учебна година.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top