Кој земал мито за телеком?

Деновиве кружи на интернет а за кој дел од медиумите тврдат дека е сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски за аферата Маџар Телеком, пренесува „Телма“.

bogoevski

Деновиве кружи на интернет а за кој дел од медиумите тврдат дека е сведочењето на екс разузнавачот Слободан Богоевски за аферата Маџар Телеком, пренесува „Телма“.

На 166 страници се испишани низа обвинувања во кои се посочени тројца високи функционери на владеачката коалиција меѓу СДСМ и ДУИ од 2005 година.

Разоткрива  дека земале мито од пет милиони евра за да го заштитат монополот на Телекомот. Детално ги опишува сите операции и активностите во кои тој учествувал како посредник, а бил ангажиран од контроверзнот грчки бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Откако дел од медиумите веќе го објавија името на екс премиерот Владо Бучковски како еден од функционерите, тој одговори преку соопштение. Во него вели дека и како и Богоевски сведочел и соработувал со американската комисија за хартии од вредност во граѓанската парница што ја водат против директорите на Маѓар телеком пред Њујоршкиот суд.

На сведочењето кое траеше 7 часа одговарав на вкрстени прашања од  Америкснската комисија и адвокатите на обвинетите директори. Бев замолен да не го обелоденувам и да се воздржам од јавни коментари до завршување на случајот. Сепак, по објавувањето на делови од сведочењето на Слободан си земам за право да дадам кус коментар. Богоевски презентирал редица на неточни информации и прави низа тенденциозни конструкции, тврди екс премиерот, Бучковски.

Реагираат и од ДУИ партијата од чии редови се посочени уште двајца функционери дека земале поткуп. Сведочењето е конструкција на непосточки настани и околности велат од таму.

dokОва е апсолутна невистина која се актуелизира како дел од гнасната кампања со лаги и измислувања во функција на предвремените избори догодина. Правните застапници уште утре ќе ги разгледаат материјалите и ќе поднесат соодветни пријави, соопштуваат од ДУИ.

Инаку според сведочењето Главната цел на договорите меѓу високите функционери и директорите на Телеком е да се ублажат ефектите од законот за електронски комуникации со кој требаше да се либерализира пазарот. Емисијата КОД уште во 2012 година објави дека преку контроверзниот бизнисмен Кондоминас кој посредувал и негови и кипарски офшор компании се испумпувале пари од телекомот. И тогаш остана нејасно дали тие легнале на сметката на  македонски функционери.

Инаку во 2011-та, 95 милиони долари легнаа на американска сметка после спогодбата со Дојче Телеком за да сопре истрагата за малверзациите во македонскиот телеком.

Сепак американската агенција за хартии од вредност ги гони директорите на Телеком  и отвори процес. Сведочењето на Богоевски е само едно од многуте во него, информира „Телма“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top