Post Views: 5
Во водите на Охридското езеро е во тек ловот на пастрмката за вештачки мрест. Од 23 јануари до сега се уловени 1 милион и 300 илјади икра, информира Елизабета Велјаноска Сарафилоска директор на НУ Хидробиолошки завод. Таа напоменува дека ловот за вештачкиот мрест на пастрмката тече во најдобар ред. Годинава се намалени квотите за собирање икра на 1 милион и 500 илјади во споредба со минатата година кога изнесуваше 2 милиони икри. Намалена е квотата за собирање икра и за струшкиот дел за институтот Шум, од 1 милион на 500.000 зрна икра. Ловот на машки и женски единки...
Post Views: 2
МЈП Проаква ќе поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за измена на решенијата за тарифи за водна услуга. Ова доаѓа откако Владата утврдила неправилности во работата на Регулаторната комисија. Комисијата не ги почитувала законските рокови за утврдување на цената на водата. Од направените анализи Владата заклучила дека Регулаторната комисија спротивно на законот за утврдување на цени на водните услуги ги синхронизирала одлуките за поскапување на водата со резултатите од локалните избори. Наместо да бидат донесени во 2016 година, регулаторната комсија за...
Post Views: 7
Мартина Петровска, Анастасија Мојсоска, Јана Маркоска и Јована Милеска, најдобрите охридски јуниорки, стрелци од СК „Охрид“, не се дел од македонската репрезентација. Тие не учестуваат на квалификацискиот меѓународен натпревар во Унгарија кој трае до 26 овој месец. За Анастасија Мојсоска е пропуштен последениот квалификациски натпревар за учество на престојната младинска Олимпијада во Бразил, во октомври 2018. Тоа се должи на опструкциите од селекторот Јордан Тасески на Македонската спортска стрелачка федерација, обвинува Валентина Гоџо долгогодишен тренер на СК „Охрид...
Post Views: 6
Каква ќе биде судбината на информативниот центар пред охридската пошта не се знае.Од Секторот за туризам и локален економски развој немаат конкретен одговор како и дали на таа локација ќе профункционира инфо центарот поставен во ноември 2016. Од тој период до денес не е ставен во функција информативниот центар кој требаше да биде од помош на туристите за да добиваат информации од типот на печатен материјал за градот, сместување, посета на ресторани, кафулиња, културни и спортски настани. Додека се бара начин како да се користи инфо центарот во јавноста се прошири вест...
Post Views: 5
Намалување на количините на храна која се фрла и нејзина поголема достапност до потрошувачите е новата платформа „Храна за сите“ , која наскоро ќе почне да се спроведува. Македонските угостителски објекти не се исклучок од светскиот тренд на фрлање храна. Рестораните приготвуваат многу повеќе храна, отколку што се продава, а таа не е достапна за многу луѓе. Доколку храната не успее да се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска цена или да се донира. Една од причините за оваа појава е што не постои организиран пазар на храна...
Post Views: 1
МЈП Проаква планира изградба на нова хидрантска инсталација во стариот дел на градот. Плановите на ЈП се со новата хидрантска инсталција да се опфатат некои покритични локации како на пример потегот кон Канео или пресекот на улиците Нада Филева и Аргир Маринечев, информира Владимир Алексијоски директор на МЈП Проаква.
„ Моментално има 5 хидранти во стариот дел на градот кои се обележани на шахтите, но да бидам искрен и тие се во незавидна состојба. Ќе работиме да ги санираме и нив и ќе поставиме уште неколку нови. Имаме проблем со спецификите на теренот каде се работи....
Post Views: 2
Новиот сој Омикрон изолиран и во нашиот регион. Епидемилогот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Центарот за јавно здравје Охрид, информира дека во декември го изолирале новиот сој на вирусот кој брзо се шири во светот.
Омикрон не е изолиран во Охрид, но има случај во Струга. Изолиран е кај едно лице во Струга пред една недела. Од овде е, но дошол во контакт со роднини од странство – истакна Стурлакова Коровешоска.
Во општина Охрид расте бројот на семејни кластери инфицирани со ковид 19, укажува на епидемиолошката состојба д-р Стурлакова Коровешоска. Станува...
Post Views: 0
Паднати бандери, електрични кабли и дрва од кабелските оператори е епилогот од синоќешните снежни врнежи кои паѓаа во охридскиот регион и во Дебрца. Влажниот снег направи краткотраен прекин во патниот сообраќај и прекин во напојувањето со електрична струја во планинските населени места. Сеуште без струја се села во Дебрца и во охридско. Без струја се селата Опеница, Куратица, Завој,Речица, Свиништа, Ливоишта, Вапила, информираат од ЕВН Македонија.
„ Во моментов се работи на одстранување на дефектите и во Мешишта, Песочан, Арбиново, Требеништа, Оровник , Подмоље. Влажниот...
Post Views: 0
Министерството за култура ги кастри финансиите за културните установи и манифестации во Охрид.Националната установа фестивал „Охридско лето“ наместо 53 милиони денари, колку што побарала од Министерството за култура, ќе добие 23 милиони денари или околу 374 илјади евра. Толку е предвидено со
Програмата за културно уметнички манифестации за 2018 година, што деновиве јавно ја презентираше министерот за култура Роберт Алаѓозоски. Се очекува во нареднот период фестивалот да ја објави програмата за 58-то издание кое ќе се одржи во вообичаениот термин од 12 јули до 20 август....
Post Views: 6
Од министерството за транспорт и врски најавуваат распределба на 79 станови за најранливата категорија граѓани во земјава. Од расположливите станови во 16-тина македонски градови ќе бидат доделени 59 станови на семејства во социјален ризик, а 20-тина на лица со ниски примиња. Огласот за доделување на социјални станови ќе биде објавен идниот месец, но охриѓани кои бараат кров над глава со помош на дражавата нема да можат да го решат станбениот статус.
Охрид го нема на таа листа. Во моментов нема ниту еден слободен стан за социјално загрозените семејства, информираат...
Post Views: 0
Делбата на имот многу често доведува до семејни кавги меѓи родителите и наследниците. Поделбата на имот често ги загрозува семејните односи, посочува Катерина Василеска од Локалната Агенција за развој. Тие заедно со здружението Јустиција организираа предавање на тема „ Имотно правни прашања“ во рамките на проектот „ И старите можат“ . Ова е многу важна тема за повозрасните граѓани кои во еден момент од животот мора да одлучат што ќе прават со нивниот имот и како да се заштитат себе си, напоменува Василеска.
„Ова е една горлива тема и еден од најголемите проблеми кои...
Post Views: 6
Во пораст е бројот на лиценцирани туристички агенции во Охрид. Во јавноста се споменува број од 25 -тина лиценцирани агенции. Некои од нив не се познати, а некои работат од дома, посочуваат туристичките агенти кои се долги години во оваа дејност. Сега ќе се бараат измени во Законот за туристичка дејност во делот за лиценцирање на агенциите. Агенциите да не ги добиваат лиценците трајно, туку да имаат ограничено времетраење, укажува Олег Маленко, долгогодишен туристички агент од ТА „Виспој“.
„Има доста пропусти во Законот каде ќе се лиценцираат па ги испуштаат вработените...