Post Views: 0
Спортската манифестација „ Охрид трчат “ што ќе се одржи во недела предизвика силен интерес кај спортистите скоро од целиот свет. Во недела на 3 јуни на двете трки во должина од 5 и 10 км ќе трчаат рекреативци, но и потврдени маратонци. Во Охрид ќе допатуваат 1025 спортисти од 10 држави, информира Иван Цветкоски, од Асоцијацијата за спорт „ Сите за спорт, спорт за сите“.
„ Тоа е бројка за почит не за македонски услови туку за Балкански и Европски услови. Од тој број на учесници имаме гости од надвор, од Македонија се 500 – 600. Охрид ќе биде спортски центар според бројот...
Post Views: 8
Од Охрид започна проекцијата на документарниот филм „ До инклузија – со соработка “ снимен со ученици и наставници во ОУ „Св. Климент Охридски“. Во ова охридско училиште долги години се негува и практикува едукација на деца со различности. Низ животната приказна на Николина Новакоска, главниот протагонист во филмот, нејзините соученици и стручните тимови се споделува процесот на образование на учениците со различности. Инклузијата е законска облигација за сите основни училишта, а успешниот процес, каков што е примерот во Св. Климент Охридски, зависи од сите нас,...
Post Views: 5
Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид.
„ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на несоодветно...
Post Views: 10
Во охридскиот центар за социјални грижи се регистрирани 600 домаќинства корисници на гарантирана минимална помош. Оваа бројка во споредба со истиот период од минатата година кога бројката се движела меѓу 400 и 500 корисници, годинава се зголемила за стотина кои останале без приходи во семејството. Бројката е променлива во зависност од тоа колку семејствата останале без егзистенција од ударот на пандемијата и немаат имот, информира Мира Врангалоска, социјален работник од Центарот за социјални грижи.
Повеќето семејства кои се обраќаат за гарантирана минимална помошсе...
Post Views: 7
Во понеделник, на 28 мај, ќе се отвара јавната набавка за материјал за поправка на дрвените скали на Антички театар. Руинираните и оштетени скали ќе бидат санирани по 5 месеци од нивното затварање пред новогодишните празници. Приодот кон театарот не беше дозволен заради небезбедност на посетителите, информира Елеонора Новакоска директор на НУ Завод и Музеј од Охрид. Во тој период, нашата институција, не беше во можност да преземе мерки за санација на скалите. Сега работите се придвижуваат. Постапката за јавна набавка е отпочната и ќе биде отворена на крај од месецов...
Post Views: 6
Над 200 основци од Охрид, Струга, Кичево и Дебрца ја истрчаа километарската „ Трка на различностите“. На најдобрите спортисти им беа врачени награди. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Марија Шипинкоска од ОУ„ Христо Узунов“, Драгана Усовиќ од истото училиште и Александра Петреска од ОУ„ Браќа Миладиновци“ од Струга. Во машка конкуренција на првите три места се пласираа Филип Ѓоргоски од ОУ „Христо Узуно“в, Атанас Куциноски од „Христо Узунов“ и Климент Филев од „Св Климент Охридски“. Организаторите на “Охрид трчат“ задоволни од пројавениот интерес на...
Post Views: 7
Градоначалникот Јован Стојаноски даде исказ пред собраниската комисија за култура. На надзорната расправа тема беше „Закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и сродната регулатива во контекст на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство“ . Од исказот на охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даден пред собраниската комисија за култура најприоритетна задача е донесување на измени на Законот за управување со Охридскиот регион како и донесување на План за управување.
„ Во мојот исказ кажав дека...
Post Views: 6
Мечка напаѓа улишта со мед во околината на неколку охридски села , јавуваат охридските пчелари. До редакцијата на ТВМ пристигнаа фотографии од уништени пчелни кошници во реонот на селата, Куратица, Опеница, Скребатно, Лакочереј, Расино, Вапила и Сирула. Тони Јосифоски, претседателот на охридското здружение на пчелари, јавува дека се уништени над 60 пчелни семејства и 15 тина пчелари од нивното здруженеи претрпеле огромни штети. Јосифоски апелира инспекторите од надлежното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и во викенд да излегуваат на терен за да...
Post Views: 7
Се одржаа спортски игри помеѓу децата од предучилишна возраст од охридските и струшките градинки. Децата се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини со топки и влечење јаже. Навиваа и спортуваа, а нивните лица кажуваа колку се среќни .
Денешниот спортски настан е дел од проектот за ран детски развој и здрави животни навики , посочува Мери Рилкоска директор на детската градинка Јасна Ристеска. На овој начин се развиваат локомоторните вешини, натпреварувачкиот дух и сите деца се победници, вели Рилкова. Таа додава дека во детските градинки се посветува големо внимание...
Post Views: 3
Новиот претседател на ОК на Вмро Дпмне, Сашо Донев на прес конференција имаше обраќање во кое ги најави приоритетите на раководството на партијата. Довербата која ја добив од партијата за мене е поттик и можност заеднички да работиме, потпирајќи се на принципите на чесност, посветеност и одговорност, кажа при тоа Донев.
„Членовите и симпатизерите на нашата партија веќе знаат дека заедно го започнавме процесот на внатрешна консолидација и обединување на сите структури. Тоа мора да се почувствува и во месните комитети за да донесе освежување и зајакнување на партиското...
Post Views: 5
Во селото Вишни се слави селската слава Спасовден. Вишненци имаат посебен обичај поврзан со празнувањето на Хрисотвото Вознесение. Тие го слават култот на Св. Спасица Вишненска. Веруваат дека нејзините мошти кои се чуваат во селската црква имаат чудотворна моќ. Со векови од селската црква Св Атанасие моштите на светицата се пренесуваат во пештерската каде што таа го поминала својот живот и го сочувала христијанството. Во Вишни, култот кон света Спасица трае шест века, почнува некаде од крајот на 14 и почетокот од 15 век. Легендата зборува дека Спасе и Спаса биле брат...
Post Views: 1
Фоклорните ансамбли стравуваат дека наскоро фолклор ќе играат само возрасните луѓе, а не младите. Треба да се вклучи црвеното светло за аларм. Од година вo година има драстично опаѓање на интересот кај децата за фолклорoт , вели Димче Трајчески долгогодишен уметнички раководител на ФА „Отекс фолк “ и добар познавач на состојбите со културно уметничките друштва. Заедницата треба да биде загрижена бидејќи се заканува гаснење на фолклорот во Македонија, вели Трајчески. Тој се обидува да го лоцира проблемот на што се должи ваквата незинтересираност кај учениците, дали...