Post Views: 1
Во населбата Исток која се наоѓа над х.Гранит се гради куќа која го попречува видикот на Охридското Езеро на три семејни куќи, реагираа на прес конференција Алан Роу, англиски државјанин и Данчо Аврамоски од Охрид. Тие упатија обвинување за урбан хаос, со кој надлежните институции дозволиле без правосилно и конечно решение пред нивните домови да се гради објект со висина од 13,5 метри. Во мај минатата година, жителите чии имоти се загрозени од нелегалната градба, вложиле приговори на решението за реконструкција и доградба издадено од секторот за урбанизам. Се жалеле...
Post Views: 1
Со буџет од 50 милиони денари Министерството за економија ќе ја поттикнува енергетска ефикасност на домаќинствата, за вградување на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за купување на печки на пелети.Ресорното министерство има на располагање пет милиони денари за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата. Предвидено е да се надоместува до 30% од вредноста и не повеќе од 15.000 денари. Со 25 милиони денари ќе се субвенционираат дел од од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски...
Post Views: 4
Занаетчиите не ангажираат калфи да учат занает. Иако од пред 4 години занаетчиите добија таква можност со новиот закон за занаетчиство. Законот во пракса за овој временски период се покажа многу лош и неприменлив, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната комора од Охрид. Занаетчиите во тешка економска состојба имаат голем број давачки кон државата, а за да ангажираат калфи се соочуваат со нов дополнителен издаток.
„ Има револт кај занаетчиите. Заради давачките ниеден занаетчија не е подготвен да одвои 6000 денари месечно за изучување на калфите во занаетската...
Post Views: 1
Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите.
„Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот календар“,...
Post Views: 8
Нови пожари опустошија површини во близина на Хидробиолошкиот институт, населбата Св. Стефан и во Подмоље. По пожарите во Андон Дуков и на струшкото крајбрежје, каде што подолго време се пали трска, сега горат површини со нискостеблести растенија и на охридскиот дел. Охридските екологисти ги осудуваат ваквите опожарувања со кои се уништува природата. Борис Џајкоски, член на претседателсвото на ЕД Грашница и Еколошкото движење на Македонија, од името на екологистите повикува на совест кај граѓаните,но и на совесно работење на институциите за кои се надлежни. Џајкоски...
Post Views: 3
Се подобрува оралното здравје кај охриѓани. Резултати дава националната стратегија за подобрување на оралното здравје која се применува во зeмjава. Таа има за цел спречување на кариесот и други орални заболувања, информира д-р Александар Филдишевски специјалист по превентивна детска стоматологија од ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид. Стоматолозите по превентивна детска стоматологија прават редовни систематски прегледи на охридските ученици од основните и средни училишта. При тоа вршат залевање на здравите заби, ги едуцираат децата и родителите како правилно да се одржува хигиената...
Post Views: 6
Маре Ѓоргиоска, одделенски наставник од ОУ „ Григор Прличев “ е избрана меѓу 9те најуспешни македонски одделенски наставници. На конкурсот на фондацијата Отворено општество во изборот на тема „ Успешни наставници за добри наставни пракси“ Ѓоргиоска го доби второто место. Таа е одделенски наставник во Прво 4 и во своето 34 годишно работно искуство за прв пат сосема случајно учествувала на еден ваков конкурс. Поттикната од својата помлада колешка Ивана Маховска учествувала на повикот од фондацијата. Наградата и претставува голема сатисфакција во долгогодишната кариера...
Post Views: 1
Во Министерството за економија се “крчкаат“ нови законски решенија во Законот за потрошувачи. Во подготовката на измените се вклучени стопански комори, организации на потрошувачи, експерти од различни области, државни институции и институции од Советот за заштита на потрошувачите на ниво на Влада, информира Мaријана Лончар од ОПМ. Со најновите измени се очекува купувачите да добијат поголема заштита како потрошувачи, да се регулира пласманот со квалитетни производи од бела техника на домашниот пазар
„Регулативата е променета. Директивата за нечесна пазарна го предвидува...
Post Views: 2
Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин Георгиески...
Post Views: 3
Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р Димитар...
Post Views: 0
Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во Македонија...
Post Views: 0
Службите на МЈП Проаква заедно со комуналните инспектори од Локалната самоуправа откриваат нелегани приклучоци на вода. Диви приклучоци на градскиот водовод има во разни делови од градот. Несовесни граѓани избегнуваат легално да се приклучат на системот за водоснабдување и вршат кражба на водата од градската водоводна мрежа, информираат од МЈП Проаква. Досега се поднесени 10 тужби за кои се води постапка пред надлежниот Основен суд.
„Жално е што сеуште има гараѓни кои на своја рака си направиле диви приклучоци и не се евидентирани кај нас. Но службите за контрола и присилна...